Спорт
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
Американската УФЦ-ѕвезда, Џастин Гетџи, вели дека мајка му ќе може да престане да оди на работа по неговиот саботен мегамеч против Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 254 бидејќи тој ќе заработи доволно за да си ја осигури иднината.
Се очекува Гетџи да заработи над 3 милиони долари, без разлика дали ќе успее да го победи шампионот во лесна категорија, Нурмагомедов на Островот на борбите во Абу Даби. Неговата мајка Каролина, која по потекло е Мексиканка, работи во пошта.
„Моите родители никогаш не летале надвор од САД, а сега пристигнаа со бизнис-класа. Мојот татко Џон се пензионира пред неколку години откако 37 години работеше во рудник за бакар. А мојата мајка ќе оди во пензија по овој меч. Кога ќе почне мечот, тоа ѕвонче на почетокот ќе осигури таа да може да се пензионира по 35 години работа. Сите пари што ги заработуваа одеа кај мене и кај моите браќа и мојата сестра за да добиеме шанса“, вели Гетџи.
Американецот има скромно потекло од Сафорд, Аризона, каде што израсна со својата сестра и братот близнак и признава дека не било лесно.
„Живеевме на два часа од кој било град. Кога одевме да купуваме алишта за училиште, беше како празник за нас бидејќи возевме два-три часа. Знам колку финансиски им тежеше тоа и нема подобро чувство од тоа да си способен да го вратиш тоа“, вели Гетџи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Италија и Франција обезбедија четвртфинале во Лигата на нации
Италија и Франција си обезбедија место во четвртфиналето, во А дивизијата во Лигата на нации. Во групата 2, во претпоследното коло Италија во Брисел ја победи Белгија, а Франција ремизираше со Израел.
Италија на гостувањето во Белгија победи со голот на Сандро Тонали во 11. минута од натпреварот. Во манир на напаѓач, Тонали беше на вистинското место во вистинско време кога одбиената топка од непосредна близина ја смести во празениот гол.
Во истата група Франција во Париз одигра без голови со Израел. Ова е прв бод за Израел во овој циклус, во Лигата на нации. Извесно е дека Израел ќе се врати во Б дивизијата.
Французите и на овој натпревар играа без Килијан Мбапе. Во Франција се уште се шпекулира за причините зошто напаѓачот на Реал го нема во националниот тим.
Мбапе моментално е под истрага за наводно силување, а наводно е во конфликт и со селекторот Дидие Дешамп.
Натпреварот против Израел го следеа само околу 15 илјади навивачи на „Стад де Франс“, кој има капацитет од 80 илјади седишта.
Причина е бојкотот на голем дел од навивачите во Франција во знак на протест против израелската војна во Газа. Овој натпревар беше проследен со засилени безбедносни мерки поради ризикот од конфликт меѓу израелските навивачи и локалното муслиманско население.
Во следното коло, в недела на 17 ноември, Италија на „Сан Сиро“ ќе ја пречека Франција во меч кој ќе го реши победникот во групата.
Спорт
(Видео) Дончиќ блескаше па со криминална одбрана им ја подари победата на „џезерите“ од Јута
Далас Маверикс ја продолжија лошата серија во НБА лигата. Против Јута го забележаа четвртиот последовен пораз.
На домашен терен, Јута го победи Далас со 115:113. Далас играше без Кајри Ирвинг и Пи Џеј Вашингтон, додека Јута беше без Тајлер и Хендрикс.
Лука Дончиќ одигра извореден натпревар постигна 37 поени со 7 скока, 9 асистенции, 1 украдена топка и 3 загубени топки, а сето тоа со 52% шут од поле (13/25) и 7/7 од линијата за слободни. Сепак Словенецот одигра криминално лоша одбрана во последниот напад на Јута кога Колинс го постави конечниот резултат.
Колинс ја предводеше Јута со 28 поени, а собра и 9 скока и 3 асистенции, додека Џордан Кларксон запиша 20 поени и по 4 скока и асистенции.
Колин Секстон постигна 16, Кајл Филиповски и Кионте Џорџ по 14, додека Лаури Марканен постигна 13 поени со 5 скока и 2 асистенции.
CLARKSON TO COLLINS FOR THE LEAD 🤯
Jazz up 2… 6.4 seconds left on NBA TV! pic.twitter.com/w04Ltwtk4E
— NBA (@NBA) November 15, 2024
Спорт
(Видео) Аргентина пад на во Асунсион, Бразил не успеа да победи во Венецуела
Аргентина го доживеа вториот пораз во квалификациите за пласман на Светското првенство, а во исто време Бразил одигра нерешено во Венецуела.
По неуспехот против Колумбија во второто коло, „гаучосите“ во 11.коло загубија во Парагвај со 2:1.
Парагвај првпат по 2009 година успеа да слави во меч против Аргентина.
И покрај овој пораз, Аргентина останува на врвот на табелата со три бода повеќе и натпревар повеќе од Колумбија, која допрва треба да одигра натпревар во 11. коло, каде што ќе се сретне со Уругвај.
Аргентина поведе во 11. минута преку Лаутаро Мартинез, кој ја доведе својата репрезентација во водство со додавањето на Енцо Фернандез.
Но, само осум минути подоцна беше виден најубавиот момент на натпреварот, Густаво Веласкез нафрли од десната страна, а Антонио Санабрија фати ножички и од десетина метри го совлада официјално најдобриот светски голман Дибу Мартинез.
Победата Парагвај ја обезбеди во 47.минута, кога Омар Алдерете со глава ја упати топката во голот по центаршутот на Диего Гомеш.
Бразил не успеа д слави во Венецуела и остана втор на табелата со 17 поени.
Бразил имаше поконкретни можности, водство, дури и пенал за, победа, но Венецуела одолеа и му одзеде два бода на фаворитот.
Бразил поведе во 43. минута, кога Рафиња, кој првпат ја носеше „десетката“ со помош на стативата постигна феноменален гол од слободен удар.
Венецуела израмни уште во првата минута од продолжението, а голот го постигна Теласко Сеговија.
Бразил можеше да дојде до ново водство во 62. минута, но пеналот на Винисиус го одбрани Рафаел Ромо.