Црна хроника
Во два пожара изгоре старец, а со изгореници се здоби жена
Во пожар што настанал во стан во Крива Паланка со изгореници се здобила сопственичката, а во пожар на покрив во Свети Николе изгоре старец.
Имено, во неделата, во 13.40 часот во полициската станица во Крива Паланка било пријавено дека на ул. „Моша Пијаде“ во колективна станбена зграда настанал пожар на терасата од станот сопственост на Љ.Н. (69). Во 14.55 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка пожарот е изгаснат.
Од извршениот увид утврдено е дека Н.Н.(59), сопруга на Љ.Н., кога се обидела да го запали шпоретот кој бил поврзан со плинска боца, во еден момент дошло до пламен, од кој била зафатена во пределот на нозете, рацете и главата. Истата била пренесена во ЈЗУ Крива Паланка, каде и се констатирани изгореници од втор степен и е задржана на лекување. Материјалната штета дополнително ќе се утврдува.
По извршен увид на местото на настанат пожар во кој изгоре старец, од страна на Јавен обвинител во содејство со стручни лица од МВР и екипа од полициска станица Свети Николе, констатирано е дека пожарот настанал поради неисправна електрична инсталација на кровната конструкција, при што од чадот и паѓањето на кровот бил зафатен и делумно изгорен Т.М. (80), кој во моментот живеел во куќата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка
Одделот за криминалистичка полиција преземаше предистражни дејствија и во координација со СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против М.Р., директорка на детска градинка во скопска општина и против поранешен градоначалник на една скопска општина за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувањата“ од чл.353 од КЗ.
„Имено, првопријавената М. Р., како директор на детска градинка на 12.05.2021, по објавен оглас за јавна набавка на стоки – електрична опрема за детска градинка – две машини за перење на алишта, со пречекорување на своите службени овластувања, знаејќи дека максималниот износ на набавката требало да биде во вредност од 1.300.000,00 денари без ДДВ, кои средства требало да бидат обезбедени од сопствената сметка на договорниот орган, како најповолен понудувач избрала правно лице од Скопје, иако понудило цена во износ од 1.329.800,00 денари без ДДВ, за што донела и Одлука за обезбедување на дополнителни средства и изменување на одлуката за јавната набавка, со кое склучила Договор за јавна набавка на вкупен износ од 1.569.164,00 денари со вклучен ДДВ, иако од истото правно лице не била доставена банкарска гаранција со самото склучување на договорот во износ од 156.916,00 денари, кој исто така не го испочитувал рокот за достава и набавените машини и наместо за 15 дена ги доставил со задоцнување од околу 150 дена од склучувањето на договорот, по што првопријавената М.Р. со неизвршување на своите службени овластувања, наместо да го раскине склучениот договор со избраниот понудувач, да активира негативна референца во е-системот на Бирото за јавни набавки и да поведе постапка за наплата на договорената казна во износ од 81.596,00 денари, таа не го направила тоа“, извести МВР.
„Второпријавениот како градоначалник на една скопска општина со пречекорување на своите службени овластувања, иако знаел дека средствата за плаќање на машините требало да бидат обезбедени од сопствената сметка на градинката, извршил промена со проширување на буџетот на општината во делот дотации во износ од 1.534.000,00 денари, и истите на 29.11.2021 ги префрлил на сметката на градинката, кои парични средства од страна на првопријаваната М.Р. истиот ден биле платени кон избраниот понудувач, додека на 22.12.2021 година извршила плаќање на средства во износ од 35.164,00 денари од сопствената сметка на градинката, на кој начин првопријаваната и второпријавениот го оштетиле буџетот на општината за износ од 1.534.000,00 денари, додека првопријавената го оштетила буџетот на градинката во износ од 273.676,00 денари како ненаплатена банкарска гаранција и договорена казна и исплатените парични средства од сопствената сметка, на кој начин му овозможиле на правното лице од Скопје да се стекне со противправна имотна корист во износ од 1.807.676,00 денари“, соопшти МВР.
Црна хроника
Во Сопиште пронајден скопјанец пријавен дека се оддалечил од здравствена установа во Карпош
Вчера во 17.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на село Сопиште, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го пронашле 38-годишниот Ј.Т. од Скопје, извести МВР.
Лицето на 30.04.2024 било пријавено дека се оддалечило од здравствена установа на подрачјето на Карпош, додаваат од МВР.
Црна хроника
Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета
Денеска во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото, извести МВР.
Не е причинета штета на капијата, ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.