Црна хроника
Приведени четворица криумчари на мигранти
Регионалниот центар за гранични работи- Југ до Основното јавно обинителство поднесе кривична пријава против Љ.Б.(63), П.Х.(59), И.Р.(53) и Т.Т.(24), сите од Република Бугарија, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“.
Пријавените на 09.03.2018 година во 10,30 часот оствариле влез на Граничен премин „Богородица“ со мини бус марка „Ивеко“ со бугарски национални ознаки, управуван од првопријавениот, додека другите три пријавени лица биле негови сопатници. При извршени дополнителни проверки на превозното средство од страна на полициски службеници и царински работник, во посебно направен бункер во горниот дел од возилото биле пронајдени осум илегални мигранти од машки пол. Мигрантите се на возраст од 18 до 41 година, пет од нив се од Шри Ланка, а тројца од Авганистан.
Во извршен разговор со мигрантите тие појасниле дека од страна на пријавените лица и непознато лице од Атина биле прифатени и за определен надомест требало да бидат превезени до Италија.
На пријавените лица им е одредена мерка притвор во времетраење од осум дена. Дел од мигрантите се сместени во Прифатниот центар, додека останатите се предадени на грчките погранични служби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.