Црна хроника
Пукал со ловџиска пушка во куќа додека газдите спиеле
Непознат сторител, ноќ пред Нова година ги исплашил жителите на селото Долно Седларце, тетовско, кога припукал во една од сеслките куќи, додека сопствениците спиеле.
Како што соопшти полицијата, околу 3.30 часот во саботата, од страна на непознат сторител извршено е предизвикување општа опасност, пред куќа сопственост на С.Ѓ.(74) од село Долно Седларце -Тетово, на тој начин што додека пријавителот заедно со неговото семејство спиеле, сторителот најверојатно со ловна пушка испукал еден проектил.
Едно метално топчесто зрно завршило во лозница на оддалеченост на околу пет метри од влезната врата, додека пред самата влезна врата е понајден фрагмент, а на влезна врата забележано е оштетување (отвор) од фрагмент.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово. Пронајдените материјали се подигнати од лице место за понатамошни анализи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.