Црна хроника
МВР: Хартиите кои ги покажа Заев, не се документи на УБК
Хартиите со кои манипулираше четвртоосомничениот Зоран Заев се најобична лага, а не документи на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), се вели во реакцијата од Министерството за внатрешни работиоткако претходно во средата челникот на најголемата опозициска партија СДСМ на прес-конференција подели материајли за прислушувани телефонски разговори на стотина новинари за што тврдеше дека е направено по наредба на директорот на службата, Сашо Мијалков.
„Министерството за внатрешни работи и УБК во време на сегашното раководство никогаш ниту незаконски следеле, ниту правеле анализи на новинари. Во целост сме ги почитувале Уставот и Законите на Република Македонија и сме работеле согласно истите. Најостро ги демантираме сите изнесени клевети и конструкции објавени денеска од страна на четвртоосомничениот Зоран Заев. Истиот се товари за најтешки дела против државата и граѓаните и во судска постапка по Опертивната обработка ’Пуч’ согласно Законот ќе добие можност да ја даде својата одбрана за материјалите за кои изјави дека му биле дадени од странска служба“, се истакнува во соопштението на МВР.
Се додава и дека со „денешната пресуда започнала разврската во акцијата ’Пуч’, и оти сé „поочигледно станува дека четвртоосомничениот Зоран Заев почнал да се губи и да тоне обидувајќи се да исконструира сé поголеми лаги“.
Претходно во средата Основниот суд Скопје 1 Скопје соопшти дека вработен во МВР, обвинет во случајот „Пуч“ доби тригодишна затворска казна откако се спогодил со Јавното обвинителство, а судот ја верификувал спогодбата.
„По поднесување на Предлог спогодба од страна на Основното Јавно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до Кривичниот суд, судија на претходна постапка со пресуда ја верификува спогодбата со која на лицето З.К., вработено во МВР, за кривичните дела шпионажа и неовластено прислушување“, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1.
Во случајот „Пуч“ осомничен е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, неговата сопруга, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и локален функционер од Струмица. Се товарат дека преку употреба на незаконски средства на следење и шпионирање со упатување на сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.