Црна хроника
Скопјанец осомничен за компјутерски криминал
Единицата за борба против компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесла кривична пријава против 52-годишен скопјанец, поради сомнение дека сторил две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, од кои едното во обид
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека пријавениот делото во обид го сторил во текот на ноември 2008 г., кога имал намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за друг, па направил преправање на пластична картичка на која вметнал вистински податоци од платежна картичка во сопственост на странски државјанин, кои податоци ги поседувал нелегално и на 13 ноември 2008 г. од банкомат на македонска банка извршил една нелегална трансакција која била неуспешна. Во соопштението се додава дека од обезбедената видеодокументација од поставената камера на банкоматот и по извршено споредување со претходно обезбедени фотографии за лица кои се занимаваат со ваков вид криминал е констатирано дека пријавениот ја извршил трансакцијата.Поради основано сомнение дека пријавениот поседува опрема за преземање податоци од платежни картички, во мај годинава при претрес во домот на пријавениот се пронајдени предмети наменети за прибирање на податоци од платежни картички со што го сторил второто кривично дело.Притоа, како што се наведува во соопштението, пронајдените предмети се привремено одземени и доставени до Одделот за криминалистичка техника при МВР заради вештачење од каде што е утврдено дека наведените предмети претставуваат опрема наменета за снимање на аудио и видео записи, кои записи се снимаат во меморијата на уредот, а кои потоа можат да се прегледуваат со помош на компјутер.Во евиденциите на МВР, осомничениот е регистриран како сторител на кривични дела тешки кражби и разбојништво за што од страна на надлежниот суд во 2003 г. му била изречена затворска казна во траење од две години и 10 месеци и во 2007 г. добил условна осуда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.