Црна хроника
Притворени двајца охриѓани за препродажба на марихуана
Двете лица се изведени пред истражен судија при Основниот суд во Охрид, каде им е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена
Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривични пријави против лицата З.Р. роден 1984 година од селото Куратица и Т.К. роден 1988 година од селото Лескоец, поради основано сомнение дека се сториле кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги, психитропни сусптанции и прекурсори“.Според соопштението на СВР – Охрид, првопријавениот на почетокот на јуни годинава од лице од Битола купил извесна количина опојна дрога марихуана, наменета за лична употреба и препродажба. Дел од дрогата, која ја сокрил во неговиот дом, З.Р. ја продал на повеќе лица од Охрид, како и на еден српски државјанин. Воедно им го отстапивал својот дом за уживање во дрогата. При претрес на неговиот дом пронајден е дел од дрогата, а првопријавениот кој бил во бегство е пронајден и приведен од инспекторите од Одделението за спречување недозволена трговија со дрога при СВР – Охрид.Второпријавениот Т.К. на почетокот на овој месец набавил одредена количина марихуана, од која продал дел на наркозависник од Охрид. Исто така и тој го отстапувал неговиот дом за уживање дрога. При извршен претрес во неговиот дом се пронајдени непродадени делови од дрогата како и семки од рестението „цаннабис сатива“.Истовремено, СВР – Охрид на потегот меѓу селата Лескоец и Лакочереј пронајде импровизиран бункер со 34 насади од индиски коноп, од кои пет засадени стебла, а останатите претходно откорнати и сокриени во селото Куратица за натамошна обработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.