Црна хроника
Запленети 372 стебла марихуана
Македонската полиција заплени 372 стебла канабис сатива, популарно наречена марихуана, на подрачјето на Прилеп и Битола и приведе три лица, соопшти МВР
Полицијата постапувала по претходно добиено сознание дека во атарот помеѓу селата Бонче, Подмол и Марул, прилепско, има насад со марихуана.. Оперативците од полициската станица во Прилеп на локацијата на споменатите села пронашла 313 стебла марихуана на три различни места на оддалеченост од 50 метри.Марихуаната била засадена од Г.Н. (36), вработен како полициски службеник во ПС Прилеп. Насадите биле заштитени со метална мрежа да не ги изеде добитокот, а за наводнување се користел системот „капка по капка“.Насадите од Г.Н. требало да ги откупи неговиот братучед Д.С. (33) од Прилеп. Против двајцата е поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.Во истрагата е вклучен и Секторот за внатрешна контрола на МВР.Истовремено, СВР Битола по претходно оперативно сознание открила 59 насади со марихуана и во брусничко-лавчанскиот регион. Дрогата била одгледувана од Г.М. (33) од Битола, а во претресот на неговиот дом биле пронајдени 22,6 грама марихуана и 310 семки од канабис сатива. Против Г,М. Е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, но во отсуство, бидејќи тој е во бегство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.