Црна хроника
Фатени двајца арамии што оперирале на територијата на Охрид
Охридската полиција поднесе кривична пријава против двајца арамии кои краделе на територијата на Охрид, а ограбиле и две цркви.
Како што соопшти СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени осум казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.А.(41) од битолското село Велушина и М.С.(53) од струшкото село Ливада.Тие во текот на минатиот месец ограбиле неколку деловни објекти, куќи и станови во Охрид како и две цркви во Косел и Лескоец. На тој начин, М.А. и М.С. се стекнале со противправна имотна корист од 429.900 денари. Во извршувањето на казнените дела, арамиите користеле хебла, клешти, метална ножица за сечење арматура и друг подесен алат со кои ги кршеле бравите и катинарите од влезните врати на неколку земјоделски аптеки, продавници и домови во Охрид. На ист начин насилно влегле во црквата „Св.Илија“ во селата Косел и „Св. Наум“ во Лескоец. Насилно влегувале во внатрешноста на објектите, пребарувале и одземале пари, цигари, колонијална стока, одзеле една хилта, еден агрегат и моторна пила.При крајот на минатиот месец, СВР Охрид кај првопријавениот пронајде метална ножица за сечење арматура, една хебла, а при претрес на автомобил марка „Лада“ сопственост на второпријавениот пронајдени се пластични и платнени нараквици, клешти, хебла, мала секира, и друг алат и подесен прибор. Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.