Црна хроника
Фрленото дете со скршеници на главата, мајката на интензивна нега

Шестгодишното дете коешто неговата мајка утрово го фрли од четвртиот кат на семејниот дом во Хиподром имало скршеници на главата, а мајката која потоа се фрли се наоѓа на интензивна нега.
Од Ургентниот центар информираат дека шестгодишното дете е во постабилна состојба, но под постојан надзор на лекарите. Лекарите го следат детето, бидејќи во вакви случаи постoи можност пoдоцна да се појават и други повреди. Мајката има скршеници на повеќе ребра од двете страни и се наоѓа на интензивна нега. Според полицијата, утрово околу 9:30 часот најверојатно по семејна расправија мајка го фрли својот шестгодишен син од четврти кат, а потоа и самата скокнала. При падот, детето удрило во метална шипка, а потоа било дочекано од пожарникарите и полицајци. И покрај преговорите со мајката, подоцна и сама се фрлила и со здобила со тешки повреди. Се утврдуваат точните причини за трагедијата што се случи утрово во Хиподром./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилници уценувале девојче од Скопје – им дала 25.000 евра за да не го нападнат брат ѝ

Девојче од Скопје било уценувано од неколку соученици дека ако не им даде пари, ќе го нападнат нејзиниот брат кој има здравствени проблеми. На тој начин, девојчето од дома земало и им дало на насилниците 25.000 евра.
Според информациите на МВР, ноќеска во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари.
Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Дете се отруло од алкохол во Тетово, во неконтактибилна состојба однесено во болница

Малолетник се отрул од алкохол во Тетово и во неконтактибилна состојба е однесено во болница. Поради инцидентот, поднесени се кривични пријави против продавачката и управителот на продавницата од која детето го купило алкохолот.
Според информации на МВР, поднесени се кривични пријави против правно лице, против Т.Б.(44) од Струга, управител на правното лице и против В.Н.(54), вработена во правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“.
Пријавените, без да побараат документи за идентификација, му овозможиле на малолетно лице од Тетово во продажниот објект да купи алкохолни пијалоци, а подоцна, по консумирањето, кај него настанало труење и во неконтактибилна состојба бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга.
Црна хроника
Уапсен крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Вчера во 21 часот на улица „Маршал Тито“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода 48-годишниот Е.М. од Радовиш.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредби од Основен суд Тетово за издржување казна затвор од две години и од Основен суд Радовиш за издржување затворска казна од девет месеци за сторени кривични дела кражби и тешки кражби.
Е.М. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.