Црна хроника
Изминатата недела во Скопје санкционирани 991 возач
Секретаријатот за внатрешни работи – Скопје изминатата седмица спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Скопје и од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 991 учесник во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.
Кај 39 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 91 лице управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 56 возачи, a кај 17 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.
Исто така, 62 возачи управувале возила со над дозволената брзина, 34 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место, а изречени се 39 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 35 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 29 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин.
Покрај ова изречени се 363 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се пет прекршоци, за непрописно престројување изречени се осум прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 89 прекршоци, за непрописно престигнување изречени се 18 прекршоци, за недавање првенство на минување изрешени се два прекршока а со пајак возило подигнати се вкупно 334 возила.
Од страна на Отсекот за превенција при Единицата за Безбедност при сообраќајот при СВР – Скопје на во текот на минатата седмица во Полициската станица „Гази Баба“спроведена е сообраќајна поука за учесниците во сообраќајот што направиле прекршоци по разни основи: управување на возило со над дозволената брзина, некористење на сигурносен појас, користење на мобилен телефон при управување на возило, прекршоци што ги чинат пешаците и други прекршоци. Од поканети 47 прекршители присуствувале 36 прекршители.
Најавено е дека СВР – Скопје и натаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж насилно изваден од својот дом и со убодни рани оставен кај Транспортниот центар во Скопје
Вчера во 07.40 часот во Полициската станица Аеродром, 34-годишниот К.Б. од Скопје пријавил дека на 24/25.04.2024 околу 01.30 часот, А.„Н“ со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.„Н“, со уште едно лице совозач, извести МВР.
„Како што е пријавено, во возилото А.„Н“ му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле. Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец
СВР Штип поднесе кривична пријава против 53-годишниот Д.Д. и 54-годишниот П.Д., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, извести МВР.
„На 22.02.2024, по претходна расправија околу сообраќајот, пријавените физички нападнале полициски службеник“, соопшти МВР.
Црна хроника
Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес
Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко лице.
Телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР, известуваат од СВР Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.