Црна хроника
Малолетници краделе низ Битола и украле близу 2 милионa денари
Тројца малолетници и уште еден деветнаесетгодишен битолчанец краделе по куќи, цркви и фирми во Битола и од сeптември минатата година до март годинава украле речиси два милиона денари.
Минатиот месец крадците влегле преку затворена метална порта во дворот на куќа во Битола и со делување врз патент брава на вратата од влезот влегле и украле два паричници со 20.000 евра, злато со тежина околу 400 грама во вредност од околу 10.000 евра и четири пара обетки „Сваровски“.Тројца од нив, пак, на 3-ти март преку балкон од куќа во Битола, го скршиле прозорецот, влегле во дневната соба од куќата и украле два златни прстена. Наредниот ден влегле преку ограда во двор од куќа во Битола, со употреба на алат насилно ја отвориле вратата од визбата, но го активирале сигурносниот алармен систем си избегале.Ноќта на 7-ми спроти 8-ми март со употреба на физичка сила ја отвориле влезната врата од црквите „Света Ана“ и „Света Петка“ и од метална кутија за доброволен прилог одзеле парични средства во вредност од 220 денари. Истиот ден ограбиле уште една куќа од која украле бакарни садови.Во февруари годинава еден од нив провалил во програмерска фирма и на свој сограѓанин му украл кожна јакна, во која имало паричник со лични документи. Направиле вкупна штета од 1.916.200 денари.СВР Битола до надлежното Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против сите осомничени за тешка кражба./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.