Црна хроника
Нападнатите полицајци од Гошинце давале исказ на судењето за Дива населба
Пет сведоци на обвинителството во вторникот давале исказ на судското рочиште за случајот „Дива населба“, односно судењето за судирот меѓу македонската полиција и вооружената група.
За новинарите на денешното рошиште немаше место во судницата во Кривичниот суд кадешто се одржуваше судењето. Минатите рочишта се одржуваа во големата сала во врховниот суд, но Кривичниот суд изјавија дека во последен момент биле известени дека салата во Врховниот суд се реновира и дека во судницата во Кривичниот суд имало место само за неколкумина новинари. Дваесетина новинари кои беа дојдени да го следат судењето се солидаризираа и одлучија да не го следат денешното рочиште бидејќи не им се обезбедени услови. На паузата од рочиштето, адвокатот на обвинетите Асмир Алиспаиќ изјави дека во судницата искази давале четворицата полицајци кои беа нападнати на караулата Гошинце и една жена од кумановската населба. Од Основниот суд Скопје 1 упатија извинување до претставниците на медиумите.„Бидејќи како суд бевме известени дека за денешната главна расправа не може да ја користиме салата во Врховниот суд, каде досега се одржуваше судењето, денешната расправа беше одржана во салата на Кривичниот суд која е со значително помал капацитет. Со оглед дека станува збор за предмет во кој обвинети се 29 лица, за тешки кривични дела и сите се придружувани од спроводници од установите каде ја издржуваат мерката притвор, а дополнително во салата се присутни и нивните адвокати, а имајќи го предвид просторното ограничување на судницата како и високиот степен на безбедност под кој се води овој предмет, во судницата немаше доволно простор за сите претставници на медиумите. Затоа беше предложено на главната расправа да влезат само дел од новинарите, но тие тоа го одбија за што како суд имаме целосно разбирање, но воедно бараме и разбирање од нивна страна за условите и ограничувањето на нашата судница“, се вели во соопштението од Судот.На судењето присуствуваа претставници на мисијата на ОБСЕ, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалицијата сите за правично судење како и претставници на амбасадата на Косово во Скопје. За следното рочиште коешто треба да се одржи во четврток од судот најавија дека ќе биде обезбедена посебна просторија во Судот за новинарите и тие ќе можат да го следат судењето преку видео врска./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.