Црна хроника
Скопјанец уби две сестри во Аеродром, а потоа самиот си пресуди
Триесет ишестгодишен скопјанец во вторник изутрина уби две сестри во скопски Аеродром, а потоа сам се застрелал со пиштол. Мотивите за убиството сé уште не се познати.
Двојното убиство и самоубиство се случи во вторник во близина на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром. Според првичните информации на полицијата, Игор пукал со пиштол во сестрите Наташа и Билјана, на возраст од 34 и 31 година, а потоа се самоубил. Случајот во полиција го пријавиле соседите.
Убиството се случило во станот на Наташа околу 11 часот, а на гости кај неа била другата жртва, сестра и Билјана, двете од Скопје. Наташа во станот живеела со двете дечиња, со кои полицијата ќе разговара за да утврди дали го виделе грозоморниот настан.
Полицискиот увид сé уште трае и се утврдуваат мотивите за убиството, како и тоа во каква врска биле убиецот и неговите жртви.
До телото на убиецот бил пронајден пиштолот кој е предаден на вештачење.
Инаку, Игор и е познат на полицијата од 2004 година кога против него е поднесена кривична пријава за загрозување на човечки живот со опасно орудие.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.