Црна хроника
Телото на Софески предадено на семејството
Иако од полицијата најавија дека телото на поранешниот воен разузнавач Горан Софески, кој утрово беше пронајден мртов, ќе биде предадено на обдукција, по насоки на Јавниот обвинител, телото е предадено на неговото семејство.
Според информациите од СВР Охрид, на телото на Софески немало траги на насилство, а ова било потвредено од извршениот увид предводен од Јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство од Кичево, како и од медицински екипи од Општата болница во Кичево кои на лице место извршија медицински преглед. Безживотното тело беше најдено утрово околу 8,35 часот во месноста Бела вода во близина на Кичево, меѓу кичевските села Раштани и Горни Длапкин дол од страна на група граѓани од селото Раштани. До телото, забележан е ловечки карабин со оптички нишан. Четириесет ичетиригодишниот Софески е родум од Кичево, но живеел во Скопје.Неговиот братучед во неделата попладне го пријавил во полиција дека отишол на лов и не се вратил./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж насилно изваден од својот дом и со убодни рани оставен кај Транспортниот центар во Скопје
Вчера во 07.40 часот во Полициската станица Аеродром, 34-годишниот К.Б. од Скопје пријавил дека на 24/25.04.2024 околу 01.30 часот, А.„Н“ со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.„Н“, со уште едно лице совозач, извести МВР.
„Како што е пријавено, во возилото А.„Н“ му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле. Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец
СВР Штип поднесе кривична пријава против 53-годишниот Д.Д. и 54-годишниот П.Д., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, извести МВР.
„На 22.02.2024, по претходна расправија околу сообраќајот, пријавените физички нападнале полициски службеник“, соопшти МВР.
Црна хроника
Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес
Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко лице.
Телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР, известуваат од СВР Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.