Црна хроника
Уште еден висок функционер на ДУИ е убиен во Струга?
Едно лице е убено во вооружен напад во саботата во Струга рано попладнето, а локалните медиуми пренесуваат дека станува збор за висок фунцкионер на владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ), што е втора случај на убиство на висок партиски фунцкионер во неколку дена по неодманешниот крвав инцидент во Куманово.
Четириесет идве-годишниот Артан Муслуи, е висок функционер на ДУИ и заменик директор во Управата за јавни приходи (УЈП), им подлегнал на повредите здобиени откако врз него пуакно во Струга во раните попладневни часови, неофицијално дознава порталот OhridNews. Тој со тешки повреди бил пренесен во Општата Болница во Струга, каде починал.
„Околу 13.20 часот на улицата ‘Маркс и Енгелс’ во Струга пукано е врз жител на Струга, роден 1973 година. Кон него е пукано од возило во движење марка ‘голф’“, изјавил за OhridNews портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.
Во четвртокот во инцидентот во кафулето „Шпија јон“, во кумановската населба Бедиње, по вербална расправија и тепачка на две групи со огнено оружје беше на лице место убиен Џемаил Реџепи, викан командант Шипоња, кандидат за претседател на огранок на ДУИ во Куманово.
Во инцидентот со тешки повреди се здоби Шефки Реџепи, брат на Реџеп Реџепи кај кого беше најдено дел од одземеното оружје од караулата Гошинце. Трет повреден е Гани Демири.
Владејачката ДУИ веднаш во четвртокот ги повика институциите да го расветлат инцидентот во Куманово што побрзо.
Според неофицијални информации, меѓу приведените за овој случај е привремениот претседателот на разгранокот на ДУИ во Куманово, Бајрам Лимани, кој е осомничен за пукањето. Тој во четвртокот вечерта се јави во телевизијата Алсат-М и рече дека убиството се случило во самоодбрана./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари
МВР информира дека вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје го уапсиле 32 годишниот Б.М. од Штип.
При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага.
„Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување“, соопштија од полицијата.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.