Црна хроника
Запалените продавница и возилото во Ореше се сопственост на дедото на заштитениот сведок
Продавницата и возилото коишто биле запалени ноќта кон вторникот во велешкото село Ореше биле во сопственост на дедото на поранешниот заштитен сведок, Златко Арсовски во случајот Ореше.
Како што јавува велешкиот портал Дума, за случајот приведени се две лица за кои постои сомнение дека го подметнале пожарот, а еден од приведените бил Ѓорѓе Петровски, нарачателот на убиството на Лазо Милошевски.Тој заедно со уште двајца обвинети е осуден на 13 години затвор за убиството на старецот. За овој случај им се судеше и на адвокати, судии и на новинарот Томислав Кежаровски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.