Македонија
(Видео) Тимоние: Не беше пожелно да му се стави европска етикета на Законот за јазици
Не беше пожелно да му стави европска етикета на Законот за јазици, изјави амбасадорт на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, во интервју за „Макфакс“. Амбасадорот одговарајќи на новинарско прашање за блокирањето на Собранието со над 35 илјади амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за овој закон, рече дека тој не бил почнат на најсоодветен начин.
„Собранието не функционира така како што треба“, рече Тимоние. „Законот не беше приоритетен за Европската Унија“, изјави амбасадорот. Tој се повика на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан.
„Албанските партии се легитимни и посакуваат ова прашање да биде решено“, додаде Тимоние. Амбасадорот се повика на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој рече дека за овој закон чекале 150 години и ќе почекаат уште малку.
„Треба да се најде инспирација во неговата мудрост“, изјави амбасадорот на Франција.
Тимоние потенцираше дека многу поважно е земјата да го убеди Брисел дека македонската демократија е функционална. Амбасадорот изјави дека е изненаден од леснотијата со која им бил симнат имунитетот на пратениците во Собранието. „Не е најважен притворот, туку конечната пресуда“, изјави амбасадорот за „Макфакс“.
(Целото интервју на „Макфакс“ ќе биде објавено викендот)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

