Македонија
Трета оставка во Антикорупциска поради политички притисок
Трета оставка во Државната комисија за спречување корупција. Жаклина Дамчевска поднела оставка на функцијата, потврдија оттаму за „Макфакс“. Оставката следува по двете оставки на Горан Миленков и Игор Тантуровски. „Макфакс“ неофицијално дознава дека оставката е поради политички притисок врз членката за конкретен предмет кој неодамна го отворија антикорупционерите.
В. Маглешов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Трипуновски: Фармерот од струмичко кој го загуби своето стадо овци и јагниња во поплавите ќе добие отштета
Фармерот од струмичко кој го загуби своето стадо овци и јагниња во поплавите ќе добие отштета, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Во рамки на мојата посета и во разговорот со Никола, неколку работи беа посочени, а тоа е дека Општината веќе на вчерашната седница има формирано комисија за процена на штети од невремето што се случи. Комисијата е составена и од претставници од Министерството, ќе направат проценка во делот на оштетување на неговиот имот“, појасни министерот.
Тој додаде дека фармерот Никола согласно процедурите и законот ќе биде обесштетен од страна на Владата.
„Дополнително, заедно со Сојузот на одгледувачи на овци, во рамки на нивното здружување, анимирани се членките. Секоја од нив, во согласност со своите можности, ќе помогне со жива стока која ќе му биде донирана на Никола“, посочи министерот Трипуновски.
Министерот истакна дека е во комуникација и со општествено одговорни компании од регионот, кои ќе помогнат со донација на градежни материјали за изградба на нова штала, со што фармерот ќе може да продолжи со одгледување на преживеаните овци и оние кои ќе ги добие.
„Излегуваме во пресрет и максимално ќе помогнеме за да се санира и биде вратено во нормална функција. Јавното комунално претпријатие ќе преземе активности за чистење на одредена каналска мрежа за да не дојде до ново поплавување“, појасни министерот.
Македонија
Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони евра ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска
Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска директно од партиската каса на ДПМНЕ инкасирала над 2.200.105 денари, тврдат од Левица.
„Левица вчера објави дека членката на ДКСК, Цвета Ристовска, свесно и намерно, иако законски била должна, од анкетниот лист ги изоставила фирмите на своите синови. Станува збор за две активни компании, БУСТ МЕДИА ДООЕЛ и БУСТ ДООЕЛ увоз-извоз, формално регистрирани за „маркетинг“. Тие во ниту еден момент НЕ СЕ ПРИЈАВЕНИ во анкетниот лист на антикорупционерката Ристовска, документ кој треба да гарантира целосна транспарентност токму кај оние што одлучуваат за корупција, санкции и одговорност. Причината зошто овие фирми биле скриени од анкетниот лист станува повеќе од јасна кога ќе се погледнат финансиските текови. Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска директно од партиската каса на ДПМНЕ инкасирала над 2.200.105 денари“, велат од партијата.
Според Левица, сликата за оваа мрежа станува уште поалармантна ако се има предвид дека токму финансиските извештаи на политичките партии за изборните циклуси се доставуваат и до ДКСК, која треба да утврдува неправилности и сомнителни трансакции.
„Со други зборови, Цвета Ристовска, која претходно ги прикрила фирмите на своите синови, треба да проверува дали милионските приливи од партиската каса на ДПМНЕ кон фирма на нејзиното најблиско семејство се законски и коректни“, велат од Левица.
Оттука, додаваат од партијата, воопшто не треба да нè изненадува што истата таа Цвета Ристовска не се иззема ниту во постапката за одлучување по дипломата на директорот на АНБ, Бојан Христовски, стекната на универзитет каде таа самата била ангажирана како предавач.
Македонија
Мицкоски со честитка до помалиот син: Понекогаш кога ви требам не сум тука, но честа да се бориме како семејство за Македонија нема димензија
„Среќен именден и роденден синко! Напомош нека е денешниот празник Св. Антониј Велики. Жалам што не бев присутен кај бато, на Св. Јован и што понекогаш кога ви требам не сум тука, но честа да се бориме како семејство за Македонија нема димензија“, напиша премиерот Христијан Мицкоски, во честитката до помалиот син, објавена на социјалните мрежи.
„Да бидете со бато секогаш сложни, здрави и среќни и тогаш знам дека сами ќе постигнете многу за семејството и за Македонија. Бог да ја благослови Македонија!“, посака Мицкоски.

