Контакт

Македонија

Македонија и Бугарија железнички ќе се поврзат во 2020 година

Објавено пред

Железничкото поврзување и определување на спојните точки меѓу Македонија и Бугарија, интензивирање на соработкаката на железничките компании, како и размена на искуства и размена на експертски тимови  беа само дел од темите за кои разговараа директорот на ЈП „Македонски Железници Инфраструктура“, Ирфан Асани со директорот на бугарската национална железничка инфраструктурна компанија Милчо Ламбрев, на средбата која се одржа во Скопје.
 

dobivaj vesti na viber

Железничкото поврзување и определување на спојните точки меѓу Македонија и Бугарија, интензивирање на соработкаката на железничките компании, како и размена на искуства и размена на експертски тимови  беа само дел од темите за кои разговараа директорот на ЈП „Македонски Железници Инфраструктура“, Ирфан Асани со директорот на бугарската национална железничка инфраструктурна компанија Милчо Ламбрев, на средбата која се одржа во Скопје.

 

Во текот на средбата, Асани го информираше директорот на бугарската железничка компанија дека градежните работи и проектите поврзани за железничко поврзување меѓу двете држави се во тек, и најдоцна до 2020 се очекува Македонија и Бугарија, железнички да се поврзат.„Ако се оди според планот за четри години е предвидено  да завршат сите градежни работи на пругата кон Бугарија и во 2020 година Скопје и Софија ќе се поврзат и по железнички пат”, рече Асани на средбата со директорот на инфраструкрната железничка компанија на Бугарија Ламбрев.Според Ламбрев, бугарските железници моментално проектираат нови траси на железничката линија кон Македонија.„Ние ќе ги завршиме градежните работи до 2020 година, и како компанија сме подготвени железнички да се поврзиме и преку старата траса, иако паралелно ја градиме и новата траса кон границата со Македонија“, рече Ламбрев.Директорот на ЈП „Македонски Железници Инфраструктура“ Ирфан Асани на оваа средба својот бугарски колега го информираше и за моменталните активности кои се одвиваат на Коридорот 8, односно железничкото поврзување со Албаниаја каде што 50 отсто од главниот проект е веќе направен .Следната средба на двајцата директори ќе биде во Софија, а главна цел ќе биде подобра координација меѓу двете железнички компании./крај/мф/бб

Економија

„Алкалоид“ со бизнис план за 2026: продажба од 361 милион евра и раст на добивката

Објавено пред

АЛКАЛОИД АД Скопје во својот Бизнис-план за 2026 година предвидува консолидирани приходи од продажби од околу 361 милион евра, што претставува раст од 7 отсто во однос на очекуваните резултати за 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Според планот, 91 отсто од продажбите ќе се реализираат преку профитниот центар Фармација, додека 9 отсто ќе отпаѓаат на Хемија, козметика и билкарство. Компанијата очекува 34 отсто од приходите да бидат остварени на домашниот пазар, а 66 отсто преку извоз.

Планираните финансиски резултати предвидуваат раст од 8 отсто на консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (EBITDA), како и раст на консолидираната нето-добивка од најмалку 7 отсто во однос на 2025 година.

Во делот на инвестициите, Алкалоид најавува вложувања од околу 8 отсто од консолидираните приходи, продолжувајќи ја долгорочната инвестициска стратегија, во чии рамки во изминатите две децении се инвестирани повеќе од 250 милиони евра. Фокусот и натаму останува на модернизација на производствените капацитети и усогласување со најсовремените GMP-стандарди.

Бизнис-планот за 2026 година предвидува и зголемување од најмалку 10 отсто на издатоците за истражување и развој, со цел натамошно унапредување на генеричкото и патентираното портфолио на компанијата.

Во рамки на ESG-стратегијата, Алкалоид ќе продолжи со интеграција на еколошките, социјалните и управувачките стандарди во сите сегменти од работењето. Паралелно, компанијата планира околу 50 нови вработувања во 2026 година и натамошни вложувања во човечкиот капитал.

Акциите на Алкалоид остануваат меѓу најликвидните на Македонската берза, со раст на просечната цена од 24 отсто во 2025 година, додека дивидендната политика ќе продолжи во согласност со остварените резултати и инвестициските потреби.

Бизнис-планот за 2026 година е усвоен од Управниот одбор на компанијата на седница одржана на 29 декември 2025 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Зголемени цените во индустријата во ноември

Објавено пред

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

Месечниот раст на цените е забележан кај интермедијарните производи, освен енергија, каде што има зголемување од 0,5 отсто, како и кај трајните производи за широка потрошувачка, кои пораснале за 3,0 отсто.

На годишно ниво, односно во споредба со ноември 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 4,6 отсто. Во овој период, раст на цените е регистриран кај енергијата за 6,9 отсто, кај интермедијарните производи, освен енергија за 4,2 отсто, како и кај нетрајните производи за широка потрошувачка, каде што е забележано зголемување од 4,4 отсто.

Прикажи повеќе...

Економија

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Објавено пред

Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.

dobivaj vesti na viber

Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.

Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.

Фото: pexels

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Жената која го усмрти човекот во Волково воопшто не обрнала внимание на пешаците, велат од ОЈО

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето...

Македонија16 часа

Орце, неговата сопруга и сопругата на премиерот готвеа за бездомните лица во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со сопругата Мартина и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, во пресрет на најубавиот...

Топ18 часа

Жена со мерцедес усмрти 60-годишен пешак во Скопје

60-годишен пешак загина откако беше прегазен од автомобил  мерцедес управуван од 40-годишна жена од Скопје. Несреќата се случила на улицата...

Свет19 часа

Девојче на 14-годишна возраст е најмалата жртва во пожарот кој избувна за време на новогодишната ноќ во Швајцарија

Швајцарските експерти досега идентификуваа 24 од 40-те лица кои загинаа во пожарот во барот за време на Нова година во...

Свет21 час

Идентификувани 11 жртви од пожарот во Кран Монтана, меѓу нив е и детето од Македонија по кое се трагаше

Првите единаесет жртви од катастрофалниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана, во кој загинаа вкупно 40 лица, се идентификувани, соопшти...

Свет21 час

(Видео) Мадуро префрлен во притворскиот центар во Њујорк

Заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро, откако со авион беше пренесен во Њујорк, светските медиуми објавуваат дека тој веќе е задржан...

Македонија2 дена

Жив и здрав е најден планинарот по кој се трагаше на Пелистер

Планинар од Прилеп кој претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“ е пронајден, жив и здрав,...

Свет2 дена

Отворена е истрага против сопствениците на барот во Швајцарија

Отворена е кривична истрага против двајцата сопственици на барот што изгоре во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, при што загинаа 40 лица,...

Македонија2 дена

Планинар се изгуби на Пелистер, во тек е акција за негово пронаоѓање

Планинар е изгубен на подрачјето на Националниот парк Пелистер во близина на локацијата позната како „Антена“. Акцијата за негово пронаоѓање...

Свет2 дена

Срби, Италијанци, Швајцарци… загинаа во пожарот во Кран Монтана

Швајцарската полиција го објави идентитетот на првите жртви на катастрофалниот пожар што се случи на новогодишната прослава во бар во...

Свет2 дена

(Видео) Страшни сведоштва на луѓе кои спасувале повредени во пожарот во Кран Монтана

Француски туристи кои случајно се нашле во близина на пожарот во швајцарскиот Кран-Монтана раскажуваат за драматичните сцени и помошта што...

Македонија2 дена

УЈП во 2025 собрале над четири милијарди евра од даноци

Управата за јавни приходи денеска информира дека во 2025 година во националниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони...

Свет2 дена

Од новогодишната забава до масовна трагедија во Швајцарија

Истражителите во Швајцарија се обидуваат да утврдат како и зошто пожарот што избувна за време на новогодишната ноќ во барот...

Свет2 дена

Најмалку седум силни експлозии и звуци на авиони рано утрово во главниот град на Венецуела, Каракас

Најмалку седум силни експлозии и звуци на авиони со ниски прелети биле слушнати рано утрово во главниот град на Венецуела,...

Свет3 дена

Огнените прскалки на шишиња шампањ најверојатно го запалиле барот: повредените транспортирани во повеќе европски земји на лекување

Во пожарот што избувна во скијалиштето Crans-Montana загинале најмалку 40 лица, а повредени се вкупно 119 лица, од кои 113...

Економија3 дена

До 1 милион евра помош од државата ќе добијат компании за истражување и развој, а 4.400 евра годишно по лице ќе добиваат компаниите со нови вработувања

За да ја намали невработеноста за 20 %, колку што бара од нас Европската Унија, Владата од овој месец нуди...

Топ3 дена

МВР со детали за смртта на двегодишното дете: Пред полноќ со мајката гледале огномет, па забележала крв на главата

МВР објави детали за трагедијата на новогодишната ноќ, по што загина двегодишно дете во Скопје. Според информациите од полицијата, на...

Топ3 дена

Осомничен за убиството во Старата чаршија уапсен на Косово, почнува постапка за екстрадиција

Обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин за кого постои основано сомнение дека е извршител на кривично...

Македонија3 дена

Кочани по трагедијата во Швајцарија: „Со вас сме, не како набљудувачи, туку како родители што ја носат истата рана“

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани упатија јавно сочувство до семејствата на жртвите во пожарот во...

Свет3 дена

(Видео) Објавена снимка од почетокот на пожарот: таванот гори, едно момче се обидува да го изгаси

Видео кое прикажува обид за гаснење на пожарот што се прошири низ таванот на барот Le Constellation во Швајцарија се...