Свет
Грција вети попис на реформите

Грција ќе достави „сеопфатен попис на посебните економски реформи“ во рок од неколку дена за да и бидат одобрени финансиските средства со кои би избегнала стечај, објавија во петокот највисоките европски финкционери по „исрените“ разговори со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Брисел.
Грција ќе достави „сеопфатен попис на посебните економски реформи“ во рок од неколку дена за да и бидат одобрени финансиските средства со кои би избегнала стечај, објавија во петокот највисоките европски финкционери по „исрените“ разговори со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Брисел.
Ципрас по разговорот истакна дека е поголем оптимист од претходно. „Сите страни ги потврдија своите намери да направат се што е можно за да ги надминеме потешкотиите на грчката економија што е можно побргу“, рече Ципрас.
„Денеска го вративме процесот во шини…јасно е дека Грција не е обврзана да спроведе рецесиски мерки. Грција ќе ги претстави своите структурни реформи, кои ќе ги спроведува“, рече Ципрас, пренесува агенцијата ДПА.
По двомесечни фрустрации на двете страни, откако Грците му дадоа мандат на Ципрас да ги укине строгите мерки на штедење кои ги воведе претходната влада, состанокот одржана на маргините на самитот на ЕУ на барање на Ципрас даде напредок во преговорите со кредиторите.
На состанокот со Ципрас присуствуваа главните актери во еврозоната-германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, претседателот на еврогрупата, Јерон Дејслелблум и претседателот на Европската централна банка, Марио Драги.
Меркел по разговорот изјави дека европските доверители ќе прифатат само целосно спроведување на претходно одобрените мерки.
„Референтна точка е договорот од 20 февруари. Тоа не го помрдневме ниту за милиметар, Некои од овие работи и претходно ги слушавме, но во посоедните недели не се случија многу работи“, рече Меркел.
Ципрас во понеделник треба да присигне во долгоочекувана посета на Берлин. Функционерите на ЕУ велат дека во случај Грција да го прифати веродостојниот план според кој би го ставила долгот под контрола, министртите за финансии на еврозоната би можеле наскоро да се состанат за да и одобрат средства на Атина со кои би ги исполнила своите финансиски обврски во наредните недели. /крај/
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.