Македонија
Дугин и Савин немаа средби со „Златна зора“, велат од „Единствена Македонија“

Единствена Македонија ги демантира бројните информации на медиуми, аналитичари и колумнисти дека Александар Дугин и Леониид Савин по посетата на Македонија заминале во извидничка мисија во Грција на средби со грчката партија “Златна Зора„ која е позната по своите антимакедонски ставови за нашето уставно име, велат од Единствена Македонија.
„За Единствена Македонија, ваквите лажни информации имаат за цел да ги релативизираат јасните и недвосмислени пораки на Дугин и Савин дека името – Република Македонија е наше право, нашето име, нашиот идентитет и дека никој не може да ни го одземе вековното македонско име, а македонскиот народ е тој што треба да ја одбере својата алтернатива: ЕУ и НАТО или стратешки сојуз со Русија и Евроазиската економска унија.
Во интерес на вистината, ја информираме јавноста дека високите гости од Русија не беа во Грција, ниту пак имаа намера да патуваат кај јужниот сосед, туку, Александар Дугин и Леонид Савин беа во тридневна посета на Македонија на покана на Единствена Македонија и веднаш по посетата на Македонија си заминаа за Русија, се наведува во соопштението на Единствена Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Три хеликоптери го гасат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце, извести ЦУК.
На пожарот дејствуваат и силите на БППЗ на Град Скопје со повеќе екипи и противпожарните возила, ЈКП од Општината, Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода, како и тимови со противпожарните возила на ДЗС.
ЦУК е во постојана комуникација и координација со сите надлежни институции на терен.
Македонија
Дел од Сарај и Илинден денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај;
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. 534 и ул. 531 во село Марино, општина Илинден.
Македонија
На Табановце се чека до половина час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.