Македонија
Коѕиас: Нема прием во НАТО со БЈРМ

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, на прес конференцијата со министерот Никола Димитров во Атина порача дека Грција ќе ја поддржи Македонија за членство во меѓународните организации, но условот и натаму е да се реши спорот за името на државата.
Средбата со Димитров барем јавно не ги омекна грчките ставови, факт што Коѕиас се обиде да го ублажи со тврдењето дека Атина го поддржува територијалниот интегритет на Македонија, дека не одобрува мешање на трети земји во нашите внатрешни работи и дека е против било какви санкции против нашата држава. Со оваа изјава Коѕиас практично и даде поширока конотација на одлуката да се спротивстави на санкциите на Брисел за претходната влада на Македонија, додека таа ги блокираше демократските промени во земјата.
Прес конференцијата се случи по едночасовна средба во четири очи меѓу министрите по која следеше средба на двете делегации, а планиран е и работен ручек пред Димитров да замине на средба со претседателот на државата.
Што е најважно, Коѕиас најдиректно ги отфрли очекувањата од македонска страна дека сепак е можен прием во НАТО со референцата, што како нова иницијатива го презентираше премиерот Зоран Заев минатата недела во Брисел. Според Коѕиас, Грција досега понудила многу решенија, така што влезот на Македонија во ЕУ и во НАТО нема да биде можен со референцата туку со нов договор во ОН за ново име.
Сепак Димитров изјави дека средбата во Атина е добар почеток и дека на Македонија и е потребна помошта од Грција.Двајцата најавија серија нови мерки за градење доверба меѓу двата народа, при што Димитров порача дека ќе се најде начин како да се олесни нарушувањето на меѓусебните односи. Тој исто така дополни дека негова главна цел е подддршка од грчката влада и јавноста, за исправено да одиме кон ЕУ и НАТО.
„Јас сакам да ве убедам дека ние сме фокусирани на границите кои ги имаме и премногу чекаме во чекална во еден регион кој не е во идеална кондиција“, рече Димитров, нагласувајќи дека во овој регион, иако е потребно време да се сфати тоа, земјите напредуваат или назадуваат заедно.
„Бидејќи сме во нагорна линија потребна ни е помош, и мислам дека ова е добро и за вашата земја. Главната порака која сакам да ја испратам при посетата е дека барање поддршка од Грција да напредуваме на евроинтегративниот пат“, убедуваше Димитров.
„Грција сака да му помогне на нашиот сосед. Важно е да имаме пријателски односи со министерот Димитров. Со денешните дискусии нема да го решиме прашањето, меѓутоа градиме позитивна клима и имаме позитивна рамка за решавање на ова прашање. Не е доволно да имате добри намери, потребни се и напори за добро решение“, забележа Коѕиас. Надвор од овој контекст тој забеллежа дека претходната влада проблемот со името од географски го претворила во идентитетски проблем.
Генерално, Коѕиас беше задоволен што Македонија го најде патот кон стабилноста, посочувајќи дека има чувство кое може да ја однесе кон подобра иднина. Според него, со Димитров се согласиле дека треба да се преземат најдобрите чекори за да се развие соработката, а го расчистиле и прашањето за патот за пренос на нафта од солунското пристаниште. Тој веруваше дека спроведувањето на мерките за градење на доверба ќе доведат до фаза каде ќе се зборува за решавање на проблемот кој ја закочи Македонија на пат кон ЕУ.
„Преку конкретни чекори да изградиме позитивна слика во регионот. Сите заедно можеме подобро од она што го правиме на Балканот. Ќе продолжиме да даваме аргументи, со зборови и со дела, дека е во интерес на нашиот јужен сосед ние да бидеме европска демократија што ќе влезе во НАТО и ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ“, реплицираше Димитров.Тој потоа фигуративно објасни дека Македонија е натапкана, дека станала бетон, а за да изникне нешто мора да работат.
„Овде сум денес да барам поддршка, и помалку е важно кој ќе биде победник. Од грчката влада и јавност во овој момент ни треба потик исправено да чекориме по патот по кој сакаме да одиме, бидејќи буквално бевме неподвижни изминатите неколку години.Немаме скриени агенди и сакаме да бидеме пријател со вашата земја“, беше пораката на Димитров. Тој на крајот го покани Козиас во возвратна посета на Македонија, што грчкиот министер ја најави за крајот на август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Каранфилова-Пановска: Зошто да земеме унгарски кредит, а да не ги користиме парите од европските фондови

„Европа не е само некаков симбол, туку реална можност за подобар живот, но власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада“, порача заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, на трибината „За Европа сега и одма“ којашто ја организираше Социјалдемократската младина во Куманово.
Европската унија нуди средства преку Планот за раст и реформската агенда, кои се дополнителни на средствата од ИПА фондовите.
„Овие средства се наменети за реформи, инвестиции и приближување на стандардите на работење до оние на ЕУ, со цел да не ни се случува одлив на мозоци, општините да ни бидат почисти, институциите функционални, образованието и здравството подобри“, рече Каранилова –Пановска.
„Зошто да земеме унгарски кредит од една милијарда евра кој што ќе треба да го враќаме со камати, а не знаеме под какви услови и колку се вкупните трошоци од тој кредит. А притоа да не ги користиме парите од европските фондови кои се дуплирани за овие три-четири години со Планот за раст?, потенцираше Пановска.
Заменик претседателката повика на одговорност од сите политички актери додавајќи дека процесот на пристапување и преговорите со ЕУ, согласно преговарачката рамка, Македонија може да ги заврши за три до четири години доколку има политичка волја за напредок.
„Владата на СДСМ во периодот 2017–2024 година успеа да го обезбеди следниот чекор – отворање на пристапните преговори и продолжување на процесот на пристапување на државата. Но за жал тој процес сега е во стагнација. Имаме владејачко мнозинство коешто е речиси 2/3 и може да го направи исчекорот и да продолжиме во преговорите. Но ние сме ставени како држава и како граѓани во една авто блокада. Не се разумни стравовите од продолжување на патот кон Европската унија, целата таа приказна се користи односно се злоупотребува за политички поени на сегашната власт“, рече Каранфилова-Пановска.
Taa предупреди дека ако не го направиме потребниот чекор, ризикуваме да останеме заглавени со Косово и Босна и Херцеговина, додека Албанија и Црна Гора напредуваат кон членство во ЕУ.
Македонија
Демократски сојуз: Заканите за дестабилизација се очајнички обиди на Ахмети за враќање на власт

Повеќе од 20 години Али Ахмети беше на власт, промовирајќи етнички поделби, јавашлук неодговорност, велат од Демократскиот сојуз. Дуизацијата и криминализацијата на државата, од Демократскиот сојуз велат дека немаат ништо заедничко со правата на Албанците, туку перфидна стратегија за владеење, разоружување и разнебитување на државата.
„Затоа заканите (последните во Струга) за дестабилизација и заканите за остатокот на Македонија и излегување на улица, му се удираат од глава. Ќе биде долго во опозиција. Сите граѓани се свесни, вклучително и Албанците, дека грабежот од позиција на власт промовирајќи билет за во еден правец – заминување на младите во странство.
Без разлика на се, треба државата да дејствува превентивно и да постапи како и сите други демократски држави. Да иницира постапка за спречување на налудничавото, деструктивно и противуставно дејствување. Јазичните, институционалните, етнички или верски права на Албанците не се загрозени, туку се тресе тлото на политичката надмоќ која повеќе од 20 години го ограбува сопствениот народ“, велат од Демократски сојуз.
Од таму сметаат дека заканите, насилството и тероризмот не можат да бидат платформа за враќање на власт, оти тој филм еднаш помина. Само владеење на правото, економски развој и имплементација на европските вредности се гаранција за мир, стабилност и просперитет.
Македонија
Димитриевски: Време е за промена што ќе произлезе од народот, а не од политички пазари

Во рамки на кампањата „Заедно знаеме повеќе“, претседателот на Движењето
ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски од Охрид упати јасна и
силна порака до раководството на СДСМ, но и до сите граѓани кои се
чувствуваат изневерени од политиките на истите.
„Тие беа трговци, а нашите белези на главите сѐ уште стојат тука, зошто?
Верувавме ние во тие концепти, за жал не’ продадоа. Но, тие лоши трговци
менуваа, за жал, и трампаа бајадери за корнишони. И тоа не смееме
никогаш повеќе да го дозволиме. Се играа со тоа што е најсвето за сите
нас и ги поминаа сите граници“, рече лидерот Димириевски.
Тој вели дека Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на
неспособни и корумпирани лидери и укажува дека е време за промена што ќе произлезе од народот, а не од политички пазари.