Македонија
Странците го искарале Османи за Законот за јазици и за нападот на полицајката?
Претставници на странска амбасада вчера се сретнале со високи функционери на ДУИ во Секретаријатот за европски прашања, дознава „Макфакс“.
На сребата, која била неофицијална и прилично тајна, биле вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика. Средбата била зад затворени врати, откако вработените од кабинетот на Османи биле порано ослободени од работните обврски поради празникот 8 Март.
Средбата, која траела подолго време, доаѓа во време кога ДУИ инсистира на носење на Законот за јазици, но и сè посилните тонови од странците дека тој закон не е приоритет за Македонија, туку приритет се реформите.
Посетата на претставници на странската амбасада доаѓа и во време на силен притисок на јавноста и критика кон ДУИ за последниот инцидент со полицајката и Бекир Асани. Дали странците ќе бараат ДУИ да се огради од некои нејзини функционери, не е познато.
Вицепремиерот Бујар Османи не одговори на телефонските повици од „Макфакс“. За средбата нема информации ниту на официјалната страница на Секретаријатот, каде што вообичаено се пишува за сите средби и состаноци на Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

