Македонија
(Видео) Угриновски: Срамните игри за притворот на обвинетите за 27 април се под менторство на Бејли
Срамните игри со пуштањето и притворањето на осомничените од 27 април е договор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, под менторство на американскиот амбасадор Џес Бејли, обвини Драган Угриновски, член на ИК на Единствена Македонија и претседател на „Тврдокорни“.
„Со овие игри на владејачката партија ‘Погреб за Македонија’, составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, целта е од Истражниот затвор ‘Шуто Оризари’ да се пуштат сите оние за кои се заинтересирани во ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат партијата да се врати во Собрание и да учествува во донесувањето на законите за разнебитување на Македонија“, рече Угриновски.
За настаните од 27 април од Единствена Македонија во Собранието беше поднесен предлог-закон за амнестија на притворените. Угриновски вели дека Единствена Македонија се залага за укинување на притворот на секое притворено лице, но силно го осудуваат селективниот договор на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за непристоен пазар, односно укинување на притворот на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат враќање на оваа партија во Собранието.
„Граѓаните на 27 април во Собранието влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат конкретни лица. Претходно беше создадена атмосфера дека е загрозен уставниот поредок“, рече Угриновски и додаде дека претседателот Ѓорге Иванов при давањето на мандатот на Зоран Заев барал гаранции токму за она за што сега се водат постапки, за 27 април, со што тогаш и самиот претседател ја потврдил општествената опасност за уставниот поредок.
Претседателот на МПЗ „Тврдокорни“ вели дека членовите на здружението се разочарани од одлуката само на одредени лица да им се укинува притворот, додека, пак, вистинските патриоти да останат во затвор. „Разочарани сме од валканата игра на ВМРО-ДПМНЕ која се пазари за укинување на притворот само за своите, а ги предаде уставобранителите кои и понатаму остануваат во занданите на Шутка. Ние од Единствена Македонија и МПЗ Тврдокорни остануваме со уставобранителите и како и досега продолжуваме со нашата помош за семејствата на притворените како и со битката за нивно ослободување“, рече Угриновски.
В.Ј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Минималната температура изутринава на Попова Шапка е минус еден степен
Минималната температура изутринава е измерена на Попова Шапка од минус еден степен, а максималната во Гевгелија осум степени.
Како што соопшти изутринава Управата за хидрометеоролошки работи во Битола се измерени 0 степени, во Прилеп, Тетово, Маврови Анови еден степен, во Крива Паланка, Берово, Велес, Кавардарци, Kрушево, Лазарополе два степена, во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Охрид, Претор три степени, во Штип, Виница, Демир Капија пет степени.
Наврнатиот воден талог во Пожаране, Лазарополе, Пожар во изминатите 24 часа изнесува еден л/м2.
Висината на снежната покривка до седум часот изутринава на Попова Шапка изнесува 29 сантиметри, додека во маврови Анови девет сантиметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во текот на ноќта претежно во југоисточните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од седум до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до десет степени.
Македонија
Облачно време со повремен дожд
Синоптичарите најавија претежно облачно време во текот на денов. Во крајните северозападни и југоисточни делови со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Се предвидува да дува умерен, а долж Повардарието, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 8 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје, променливо облачно време претпладне со појава на магла, попладне со услови за повремени локални врнежи од дожд, како и сончеви периоди. Се очекува минималната температура да се спушти до 3, а максималната да достигне до 12 Целзиусови степени.
Пообилни врнежи и услови за ретки грмежи се очекуваат утре. Според најавите, врнежите ќе продолжат и во вторник до вечерните часови. Во среда претпладне ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта и во четврток, повторно ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
Македонија
Адвокатката на газда Деко од „Пулс“ бара надлежните да реагираат откако родителите на загинатите деца ја ставија на транспарент
Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба на нејзиниот лик на транспарентите, кои ги носеа учесниците во денешниот „Марш на ангелите“ во Кочани. На транспарентот таа е прикажана со куфери со пари како заминува во светот на покојниците, а пред пеколот ѓавол ѝ вели дека за таму пари не ѝ требаат.

Во продолжение следува реакцијата во Коцевска во целост:
„Во својство на бранител на дел од обвинетите во кривичниот предмет за трагичниот настан во Кочани, досега се воздржував од секакви напади во име на емпатичноста и сочувството со болката на родителите на починатите. Меѓутоа, откако јавно се изложи револт за мојата покрената кривична постапка за вандализмот што се случи на 17.03.2025год од одредени НН лица кои родителите ги оправдуваат, а согласно законот се подложни на одговорност, повеќе немам простор да се воздржувам. Имено, родителите си дозволија да организираат штрајк во кој мојот лик е злоупотребен и фотошопиран во небулозна форма која не само мојот, туку го нарушува угледот на секој еден адвокат и за ова треба и апелирам да реагираат сите надлежни органи на РМ во заштита на нашата професионална должност пред се, а потоа и во насока на заштита на нашиот интегритет и достоинство како носители на правната заштита и владеење на правото“, стои во реакцијата.

