Македонија
Бујар Османи се надева на бугарското претседавање со ЕУ
Вицепремиерот за евроинтеграција, Бујар Османи, се сретна со заменик претседателот на бугарската влада задолжен за ЕУ фондови и економска политика, Томислав Дончев.Двајцата договарале продлабочување на соработката, како иза поддршка на Бугарија за нашата евроинтеграција, особено откако оваа соседна земја ќе го преземе претседавањето со Унијата во 2018 година.На состанокот Османи исто така нагласи дека двете земји имаат одлична соработка во програмата за прекугранична соработка.
„Преку ИПА 1 до сега успешно се реализирани околу 100 проекти а исто така и со ИПА 2 продолжува интензивната соработката. На првиот повик од ИПА 2 имаше 210 предлог проекти од кои 44 веќе се во фаза на имплементација“ посочи вицепремиерот Османи.
Според Османи, овие бројки покажуваат дека интересот за заеднички проекти меѓу двете земји е на високо ниво и дека и понатаму ќе продолжат активностите за поддршка на одржливиот развој и подобрувањето на квалитетот на животот во пограничниот регион.
Дополнително на средбата беше договорено во наредниот период да се оствари директен контакт на експертско ниво заради поефикасна искористеност на ЕУ фондовите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.