Македонија
ВМРО-ДПМНЕ да престане да предизвикува насилство, реагира СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ е автор и симбол на кризите, насилството, конфликтите и меѓуетничките поделби, политики коишто се единственото наследство што таа партија им го остави на граѓаните и општеството. Граѓаните се поголеми и посилни од поделбите. Македонија веќе расчисти со поделбите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа опозициската партија мора да престане да предизвикува насилство и да се откаже од организирање протести кои шират говор на омраза кон поддржувачите на концептот едно општество, односно кон мнозинството граѓани во Македонија“, повика владејачката СДСМ.
Според нив, ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави заробена и уништена држава, а она што партијата на Христијан Мицкоски го уништи во 11 години владеење, Владата предводена од СДСМ секојдневно го санира овие 10 месеци. „Тоа го покажуваат и економските параметри коишто ги гледаат сите освен ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Зголемената минимална плата, решавањето на статусот на стечајчците, подобрениот кредитен рејтинг, растот на индустриското производство, намалување на невработеноста се само дел од економските показатели коишто ги потврдуваат успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ. Христијан Мицкоски треба да отиде во секој град и секое село, да тропне на секоја врата, да ги види штетите од 11 годишното криминално владеење на неговата партија и да му се извини на секое семејство за пустошот што го направија“, велат од СДСМ.
Во ссопштението се додава дека „Мицковски должи извинување за 11 години притисоци и закани кон граѓаните, за украдените избори и за украдените пари од граѓаните. Се додека ВМРО-ДПМНЕ вистински не се реформира и не ги отфрли политиките на поделби и конфликти, освен деструктивна, не може да биде демократска алтернатива. Затоа и никакви најавени совети и вклучувања на експерти нема да и помогнат на ВМРО-ДПМНЕ ако опозициската партија не се откаже од деструкцијата. ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со обидите да го кочи развојот на Македонија и да преземе одговорност, да се демократизира и да прифати дека во Македонија живеат граѓани од различни заедници и дека сите граѓани се за едно општество, за демократија и напредок“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Илинден, Арачиново и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С.МРШЕВЦИ,ФЕЦ СИМАО 1,2.3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците на УЛ.МИЛАН МАРКОВИЌ БР.2-8. (општина Карпош)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С. МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФЕЦ СИМАО 1, 2, 3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека на ден 08.05.2025 година ( Четврток ):
· Поради уличен дефект на ф 65 мм на бул, Партизански Одреди бр.63, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Борка Талески и Зграда бр,63 на бул Партизански Одреди од 22:00 часот до завршување.(општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови од земјата, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во сабота повремено засилен северен ветер. Во недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.