Македонија
Анализата за спојување на Т-Хоум и Т-Мобиле разгледана од Одборите на директори
Евентуалното спојување на Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија во една компанија во иднина би било поволно, но сепак, правното спојување сè уште не е одобрено.
Евентуалното спојување на Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија во една компанија во иднина би било поволно, но сепак, правното спојување сè уште не е одобрено.
Ова беше констатирано на денешните состаноци на Одборите на директори на Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија.
Како што информираше Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком, Жарко Луковски не е завршена анализата на трошоците на целата интеграција.
Македонската влада мора да ги има во предвид сите анализи пред да донесе одлука дали е во нејзин интерес, како малцински акционер, да дојде до спојување на двете компании, рече Луковски.
Тој не можеше да прецизира дали со евентуалното спојување на двете компании ќе дојде до отпуштања на вработените, но нагласи дека целта на таквиот процес не била да се кастрат трошоците, туку подобро позиционирање на пазарот.
На денешниот состанок, Жарко Луковски беше именуван за Главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија, а ќе стапи на функцијата од 1 април 2010 година.
Истовремено Луковски ќе ја напушти позицијата Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком АД – Скопје.
Досегашниот Главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија, Мајкл Лоренс, успешно ја извршуваше својата менаџерска функција во компанијата од 2004 година.
Клаус Милер, кој во исто време ја извршува функцијата Раководен директор за клучни прашања во Македонски Телеком АД – Скопје, е именуван за нов Главен оперативен директор на Т-Мобиле Македонија. Милер е избран и за Извршен член на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија.
Исто така, денеска следните лица беа именувани на позиции во Т-Мобиле Македонија: Бранка Павошевиќ за Главен директор за човечки ресурси, Славко Пројкоски за Главен директор за финансии, Матијас Ханел за Главен директор за маркетинг и Мирослав Јовановиќ за Главен директор за ИТ. Габор Алтман беше именуван за Главен директор за продажба на Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија./крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.