Македонија
Газда Нини: Не ги познавам ниту Груевски ниту Заев
Српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ, познат на јавноста како Газда Нини, во понеделник, во Основниот суд Скопје 2, сведочеше на првото рочиште во случајот Груевски против Заев.
Во својот исказ, тој рече дека не се познавал ниту со Груевски ниту со Заев, а дека акциите на Македонска Банка ги купил на берза. Стефановиќ рече и дека не го познава извесниот Ден Дончев, чиј глас, како што тврди СДСМ, се слуша на аудио снимките што ги објави најглемата опозициска партија, а на која наводно Груевски договара продажба на Македонска Банка. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го обвини Груевски дека ја продал Македонска банка на Газда Нини и дека зел 1.5 милиони евра кеш.
По објавување на снимките, премиерот Никола Груевски поднесе тужба против Заев за клевета и навреда.
Газда Нини сведочеше на предлог на одбраната, но адвокатите на Заев денеска побараа да се повлече нивниот предлог со образложение дека сведочењето на Нини нема да биде релевантно без сведочењето на Ден Дончев и аудио снимките, кои судот ги отфрли како докази на подготвителното рочиште во јули.
Судот го отфрли барањето на одбраната и Газда Нини го даде својот исказ.
На денешното судење не беа присутни ниту Груевски ниту Заев, а се очекува утре двајцата да дадат исказ пред судот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.