Македонија
Идомени: Група бегалци го пробиле грчкиот кордон, бараат начин да влезат во Македонија
Група од околу 300 бегалци го пробиле кордонот на грчката полиција по должина на границата со Македонија во обид да дојдат до дупка на оградата на границата меѓу двете земји, пренесува AP.
Бегалците, меѓу кои има неколку десетици деца, тргнале од кампот на границата кон дупката во оградата којашто е оддалечена околу пет километри источно од местото Идомени (Сехово), каде околу 14.000 бегалци останаа блокирани кога беше затворена балканската рута. Агенцијата Reuters, пак, јавува дека стотици мигранти тргнале од кампот во близина на северната грчка граница во обид да најдат алтернативни пат и да го заобиколат граничниот премин со Македонија.Портпаролот на УНХЦР, Бабар Балоч изјави дека човечката беда со која се соочуваат бегалците во кампот Идомени на грчката граница со Македонија го достигнала врвот.Во и околу преполниот камп останале повеќе од 14.000 луѓе кои чекаат да го продолжат патот кон Европа, а нивните основни услови за живот од ден на ден се сé полоши.„Во Европа гледаме човечко патење кое достигна врв. Овие услови овде во Идомени се невозможни за живот“, изјави Балоч за време на посетата на кампот додавајќи дека секој ден врне и луѓето се повеќе патат.Тој констатира дека условите во кои живеат бегалците се исклучително нехигиенски, тоалетите се претрупани и дека десетици деца завршиле во болница поради проблем со дишењето и разни вируси.„Девeтгодишно девојче со хепатитис А е префрлено во болница во близина на Солун и нејзината состојба е сега стабилна“, изјавил Балоч.Грчката влада соопшти дека бегалците ќе се насочуваат кон организирани кампови, но Балоч забележува дека ситуацијата треба итно да се реши.„Гледаме деца кои се тресат од студ, боси се. Тоа е просто незамисливо“, изјавил Балоч.Инаку група од околу 200 Сиријци и Ирачани во којашто имало многу деца протестирале во неделата во Идомени барајќи да се отвори границата. Балоч се надева дека во четврток на самитот на ЕУ ќе биде донесена одлука која помогне да заврши патењето на грчко-македонската граница. Во понеделникот утрото во Сува Река во близина на Гевгелија се удавија тројца мигранти, а 23 беа спасени. Сите илегално ја минале границата./крај/мф/ффс
Извор: Tanjug. ONASA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада
Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски одговори на прашањето дали како партија би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ да формираат Влада, во случај да не успеат да стигнат до 61 пратеник.
Ковачевски вели: „Оној кој што не може да формира Влада, значи дека ги изгубил изборите“.
Прашан за коментар за кампањата на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски рече дека јавно ги осудил изјавите и на Ахмети во однос на скандирањето на плоштадот Макеоднија.
„Тие работи не’ враќаат 20 години наназад, во едно закопано минато кое сме го надминале со Охридскиот договор и членството во НАТО благодарение на СДСМ, и сме го надминале со почетокот на преговорите со ЕУ,истотака благодарение на СДСМ. Истовремено упатив порака и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката на таа партија Сијановска дека националистичката реторика не води никаде“, рече Ковачевски.
Како што рече, СДСМ е единствената партија којашто се бори за мултиетничко општетство, рамноправност на сите граѓани и интеграција во Европската Унија.
Македонија
„Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно“, вели СДСМ
„После денешната прес конференција на ДПМНЕ прашањето е дали Белата палата води истраги вклучително и споменатата? СДСМ нема да навлегува во мотивите на ОЈО, секако дека секој што го прекршил законот треба да одговара, но, доколку се утврди дека нема прекршување на законот очекуваме исто така одговорност“, вели СДСМ.
„Постои сомнеж дека ова е можеби и злоупотреба за избораната кампања. Вештачењето е од 25.04.2024 година, само еден ден после првиот круг од претседателските избори, а предлогот е доставен за 3 работни дена потоа.
Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Арсовски од ЗНАМ: Ќе го департизираме секторот безбедност и ќе го решиме статусот на професионалните војници
Носителот на кандидатската листа за пратеници за ИЕ 3 од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Павле Арсоски денеска одржа прес конференција на која зборуваше за мерките од нивната програма за паралментарните избори, „Проглас за достоинствена Македонија“, а кои се однесуваат на безбедносните и разузнувачки служби.
Арсоски нагласи дека ЗНАМ е политичка опција која во изминативе месеци ја бранува јавноста, го предизвикува интересот и раѓа нова надеж кај граѓаните на Македонија.
„Тоа се потврди и со бројот на гласови кои ги доби нашиот кандидат за претседател, Максим Димитриевски во првиот круг од претседателските избори. Всушност, над 83 илјади граѓани кои се одважија да ни ја дадат довербата се доказ дека сме на прав пат,тие се наш ветер во грб и им благодариме на сите. Нема да ги изневериме“, рече тој.
Арсоски додаде дека од ЗНАМ се цврсто решени да направат вонредни напори за стабилизиација на државата, за развој на економијата, запирање на иселувањето на младите. Но пред се, цврсто се решени да покажат поинаков начин на практикување на власт, на вистинска служба на народот, да работат посветено и одговорно, чесно и домаќински.
„Со работа, ред и поредок да ја вратиме вербата на граѓаните во институциите на системот, да ја вратиме надежта во подобар живот и подобра иднина на генерациите што доаѓаат. Да го вратиме вистинскиот патриотизам и љубов кон татковината“.
Арсоски рече дека му е чест како на генерал во пензија со големо искуство и како носител на листата во ИЕ-3, да се задржи на безбедносните и разузнувачки служби, како дел од програмата „Проглас за достоинствена Македонија“. Ова, како што рече тој, поради тоа што нема просперитет на една нација и држава, нема инвестиции и економски развој без мир и стабилност и продолжи: „Во „Прогласот за достоинствена Македонија“ јасно ги посочуваме аномалиите во безбедносниот и одбранбен сектор и ги наведуваме нашите решенија за истите. Ние од ЗНАМ имаме намера да воведеме целосна професионализација и департизација на сите безбедносни, разузнувачки и контраразузнувачки служби и нивно фокусирање исклучиво на мисиите и задачите за кои се формирани, во служба на безбедноста и стабилноста на државата. Недозволиво е униформата и струката да се исклучат од одлучувањето за кариерен развој на војниците и полицајите, за нивното вработување, школување и усовршување, за учество во операции надвор од државата и секакво друго одлучување од делот на службата, а сето тоа наместо нив да го преземат партиските носители на политички функции“.
Тој додаде дека во Програмата се предвидени мерки за подобрување на условите за работа и стандардот на вработените во Армијата и Полицијата, инвестирање во модернизација на нивната опрема.
„Во постојана комуникација со војниците и старешините од АРМ, со синдикатите во одбраната и особено со синдикатот на професионални војници во „Прогласот за достоинствена Македонија“ предвидовме конечно и трајно, системски и со закон, решавање на статусот на професионалните војници, кои се веројатно единствената категорија на вработени во државниот сектор уредена со Закон, со статус на определено време во текот на целата кариера. Нашата намера, како крајна цел е, тие да имаат статус и права како и останатите вработени во Армијата, затоа што на војниците им е доста од игнорирањете на нивниот статус, а особено се несериозни ад-хок ветувањата кои ги слушаат деновиве. Власта на СДСМ и ДУИ имаше долги 7 години да го реши овој проблем и не го стори тоа. Ние од ЗНАМ ќе го решиме ова прашање“, потенцира Арсоски. Арсоски ги повика граѓаните во среда, на 8-ми мај, што помасовно да излезат на избори и да ја потврдат поддршката со заокружување на бројот 7 и Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, по онаа што му ја дадоа на кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски.