Македонија
Новиот претседател на Антикорупциска нема лично мислење за „бомбите“

Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, Горан Миленков, нема лично мислење за „бомбите“ односно за прислушуваните разговoри коишто ги објавува опозицијата и вели дека доколку овие разговори бидат на дневен ред на една на нивните наредни седници, јавноста ќе биде благовремено информирана.
Денешната седница била конститутивна и за овие случување новите членови не разговарале, појасни Миленков кој бил едногласно избран за претседател на седницата.„Денешната седница беше прва конститутивна седница, со две точки на дневен ред конституирање на комисија и избор на претседател согласно законот. Ова за што прашувате не беше тема на оваа седница, но секако во текот на идните наши седници ќе треба прво да почнеме да работиме, па ќе бодете благовремено известени. Лично не мислам ништо од оваа говорница, не можам да кажувам свои лични ставови, зборувам како претседател на Комисијата“, рече МиленковТој во своето прво обраќање пред новинарите вети дека новиот состав на Комисијата ќе работи според Законот и дека нивната работа ќе биде транспарентна и јавна.„Длабоко сум убеден дека сите ние членовите на Комисијата со своите професионални и етички карактеристики и ангажмани и стручни искуства ќе ја постигнеме целосно целта на законот на кој почива работата на оваа комисија за спречување на корупцијата. Би сакал да ве уверам дека работата на комисијата во овој состав ќе биде многу транспарентна, многу јавна и ќе бидете известувани целосно, совесно, јасно и одговорно за сите преземени активности и дејствија што се во надлежност на Комсијата. Вие ќе бидете навремено и квалитетниот информирани со точни информации, објективно и целосно.Оваа комисија, нејзината надлежност ја црпи од законот за спречување на корупцијата, законот за судир на интереси и законот за лобирање и сите материјални закони кои ја покриваат оваа материја“, изјави Миленков.Новите членови на Државната комисија беа изгласани во Собрание во вторникот, а во средата дадоа свечена изјава.Нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата се Горан Миленков, адвокат од Скопје, Игор Тантуровски, дипломиран економист и д-р на економски науки од Скопје, Најдо Спасевски, адвокат од Скопје, Сузана Таскова Аџикотарева, дипломиран правник магистер по казнено право од Скопје, Жаклина Данчевска, дипломиран правник, магистер по деловно право од Прилеп. Во новите редови останаа само двајца членови од стариот состав, Сеиди Халили, дипломиран економист од Тетово и Фарије Алиу, дипломиран економист доктор на економски науки од Гостивар. Членовите на Државната комисија ги именува Собранието на Република Македонија со мандат од четири години со право на уште едно именување. Од редот на овие именувани членови Државната комисија избира претседател со мандат од една година со право на уште едно именување. Минатите состави на Антикорупциска беа критикувани дека се продолжена рака на власта и дека не ги разгледуваат корупциските случаи кои се поврзани со функционерите./крај/мф/ффс
Извор: Фото:Академик
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Невреме во Скопје: паднати дрвја, поплавени улици, заглавени возила кај „Мавровка“

Поплавени улици, паднати дрвја и пречки во сообраќајот во Скопје по денешното силно невреме проследено со пороен дожд, град и грмежи. Од Центарот за управување со кризи соопштија дека нема повредени лица.
ЦУК преку бројот за итни повици 112 прими пријава за паднато дрво на ул. „Кочо Битолјанов“, од спротивната страна на „Алкалоид“, во близина на Скопска Пивара. Постои опасност дрвото да оштети електрични кабли. Надлежните служби се известени и ќе постапат согласно своите надлежности.

На бул. „Никола Карев“ кај Бит Пазар, под Стоковна куќа Мост, има приближно 50 см вода. Целиот булевар е блокиран, а повеќе возила се заглавени.
Дополнително, пријавено е дека на ул. „Петар Манџуков“ во населба Бутел улиците се поплавени, шахтите се запушени и водата не се повлекува.
Добиена е пријава и за паднато дрво на ул. „Рузвелтова“, во близина на Сетек, Општина Карпош. Дрвото има блокирано три сообраќајни ленти, и во моментов проодна е само една лента.
Добиена е пријава и за поплавена улица на булеварот „Македонска Косовска Бригада“ во Општина Чаир. Неколку возила се заглавени, а паркот во близина е исто така поплавен.
Дополнително, пристигната е пријава за навалена бандера од уличното осветлување на улицата „Народни Херои“ кај Мечкаров, во Општина Кисела Вода.
„По денешното невреме кое ја зафати територијата на државата, Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ги активираше своите механизми за следење и координација. Директорот, Мухамет Али, во текот на целиот ден ја следеше ситуацијата и беше во континуирана комуникација со сите надлежни институции, со цел навремено и ефикасно справување со последиците од невремето“, велат од ЦУК.
Според моментално достапните информации, на повеќе локации се евидентирани материјални штети – поплавени улици, паднати дрвја и пречки во сообраќајот. Не се пријавени повредени лица.
Од ЦУК велат дека известени се и надлежните служби за водовод и канализација, противпожарната служба и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), кои се во подготовка за постапување согласно своите надлежности.
ЦУК ги повикува сите граѓани да останат внимателни и да ги почитуваат препораките на надлежните служби, како и навремено да пријавуваат опасни или животозагрозувачки состојби на бројот за итни случаи 112.
Македонија
Николоски: Судството и обвинителството целосно потфрлаат

Перформансот на економијата е одличен, ги гледате бројките и резлтатите, ќе се почуствуваат, граѓните го гледааат ама не го чуствуваме. Потребно е најмалку една година откако ќе се случи тој економски напредок за да го почуствуваат луѓето на својот џеб и тоа ќе има континуитет, оценува вицепремиерот Александар Николоски.
„Во однос на корупцијата можам да кажам дека можеме повеќе и подoбрo пред сe во делот на судството и обвинителството. Мислам дека МВР коректно си ја работи својата работа, но МВР е една од алките во системот. Мислам дека судството и обвинителството целосно потфрлаат и оваа ситуација не може да остане вака. Знаете дека ние поведовме постапка за разрешување на пет члена на Судскиот совет на крај најдоа дупка во Законот и велат не поднесуваме оставка. Што морал да имаш да ти изгласаат недоверба во Собрание, а ти да продолжиш да седиш на таа маса и да носиш одлуки?“, истакна вицепремиерот Николоски.
Негова оценка за судството и обвинителството е дека не се на својата задача и не можат да ја следат оваа Влада предводена од ВМРО -ДПМНЕ.
„Перформансот што го дава оваа Влада на ВМРО -ДПМНЕ, судиите и обвинителите не можат да го следат”, изјави вицепремиерот Николоски.
Македонија
Муцунски во Париз ја реафирмира стратешката ориентација на државата кон членството во ЕУ

Во рамки на работната посета на Париз, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари одделни средби со претседателката на Интерпарламентарната група за пријателство Франција – Западен Балкан, сенаторката Марта де Сидрак, и со советникот на францускиот претседател Емануел Макрон за Континентална Европа и Турција, Бертран Бишвалтер.
На средбата во францускиот Сенат беше истакнато значењето на парламентарната дипломатија во градењето на стабилни и севкупни односи меѓу двете земји. Се разговараше за европската перспектива на Северна Македонија и регионот, како и за можностите за унапредување на парламентарната соработка и продлабочување на политичките и економските врски. Посебен акцент беше ставен на доследната поддршка од француска страна за македонските евроинтеграции.
На средбата со советникот Бишвалтер беа отворени прашања од заеднички интерес, вклучително и актуелните геополитички предизвици во Европа, важноста на регионалната соработка, партнерството и придонесот на Република Северна Македонија во рамките на НАТО Алијансата, како и понатамошното јакнење на соработка во контекст на европската и регионалната стабилност.
Министерот Муцунски ја реафирмираше стратешката ориентација на државата кон членството во Европската Унија, како и континуираната посветеност на реформските процеси и на добрососедските односи. Воедно, беше потврдена значајната улога на Франција како силен поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија и на регионот, со цврста определба оваа поддршка да продолжи со несмален интензитет и во наредниот период.