Контакт

Македонија

Новиот закон за сообраќај стапува на сила

Објавено пред

Во населените места максималната дозволена брзина ќе биде 50 километри на час, а не 60 како до сега, се предвидува со најновите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои стапуваат во сила од среда.

dobivaj vesti na viber

Ако во населените места се вози 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, глобата е 400 евра, а следува и забрана за управување со возилото шест до 12 месеци. Доколку, пак, се вози 30 до 50 километри на час побрзо, казната е 300 евра или 50 негативни поени со забрана за управување со возилото три до 12 месеци. Во двата случаи паричните казни може да се заменат со впишување негативни поени, во првиот 65, а во вториот 50.Доколку, пак, се вози 10 до 30 километри на час побрзо од дозволенто, казната е 45 евра или 25 негативни поени, а за до 10 километри на час побрзо, казната е 10 евра или 10 негативни поени. Во овие два случаја не е предвидена прекршочна санкција, односно забрана за управување со возилото. Слични се санкциите и за пречекорување на дозволената брзина на отворен пат. За возење 70 километри на час повеќе од дозволеното, казната е 400 евра или 65 негатиовни поени и забрана за управување со возилото шест до 12 месеци. За следните категории: побрзо движење за 50 до 70 километри на час, 30 до 50 километри на час и до 30 километри на час, казните се исти како претходно спомнатие за населено место.Согласно законските измени, за деца до пет години возилото отсега ќе мора да има детско седиште позади. Деца до две години ќе може да се превезуваат на совозачкото седиште, исто така во детско седиште, но во овој случај детето би седело свртено со лицето кон задниот дел на автомобилот. Притоа, воздушното перниче треба да биде деактивирано.Новина има и во делот на потпишувањето на Европскиот извештај. Наместо како досега, возачите најпрво да се тргнат од патот, а потоа да го поплнат Извештајот, сега ќе мора да постапат обратно – прво да го потпишат Извештајот, а потоа да се тргнат од патот. Велосипедистите се должни да имаат бело светло од предната страна, катадиоптер со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна, како и по еден катадипоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна. Носењето шлем или рефлектирачки елек е препорачливо, но не и задолжително.Со измените првпат се воведуваат и нови категории возачки дозволи: АМ – за велосипеди со помошен мотор, А2 – за мотоцикли до 35 киловати и Национална категорија Т – за трамвај. Исто така, се воведуваат и Прекршочен платен налог, како и Мандатен платен налог. Првиот се употребува за казнување при сторен прекршок кој треба да се докажува, како што е минувањето на црвено светло, а вториот, за полесни, евидентни прекрошоци како возење со поголема брзина од дозволената или под дејство на алкохол.Предвидена е и можност, лицата кои ќе бидат фатени да возат во алкохолизирана состојба, да бидат задржувани во полициска станица, наместо, како досега, по пишувањето казна, веднаш да бидат пуштени да продолжат со возилото. На фирмите им се овозможува, ако немаат обезбедено дозвола за вонреден превоз, да платат казна на граничниот премин при излезот од државата за да не се враќаат назад. Глобите во ваков случај се многу високи и се пресметуваат зависно од повеќе параметри меѓу кои, број на вработени во фирмата, остварен годишен приход,…Со измените се опфатени и автошколите, при што се воведуваат повисоки стандарди. Авто-школите се должни да поседуваат аудио и видео снимки од спроведените обуки за возачки испит и овие материјали да ги чуваат најмалку 90 дена.Зголемени  се и глобите, од 25 на 100 евра, во случај некое возило да се вклучува во сообраќај од земјен пат, без претходно да биде измиено.Се дефинираат забранетите места за запирање и паркирање – плоштад, пешачка зона и противпожарен пат, а се прецизира и каде точно може да застануваат таксистите за да соберат патник, но со максимално задржување од три минути. Такси возачите, исто така, според посебна одредба во законските измени, ќе може да користат мобилен телефон или друг уред за комуникација при возењето доколку со тоа не предизвикуваат какви било закани по безбедноста за сообраќајот./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Со крводарителска акција одбележан Светскиот ден на слобода на медиумите

Објавено пред

Со крводарителска акција која се одржа денес (02.05.2024)во четири града во Македонија новинарите и медиумските работници беше одбележан 3 мај – Светскиот ден на слобода на медиумите.

dobivaj vesti na viber

На акцијата организирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) со поддршка на Црвен Крст на Град Скопје и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) се приклучија десетици новинари и медиумски работници од Скопје, Штип, Струмица и Битола.

Овој настан се одржува втора година по ред и е во рамки на кампањата за одбележувањето на Светскиот ден на слобода на медиумите предводена од Меѓународната федерација на новинари, чиј член е ССНМ.

По тој повод на настанот се обрати и претседателот на ССНМ, Павле Беловски кој рече дека по повод овој ден треба да се испратат две важни пораки.

„Денеска оттука треба да испратиме неколку важни пораки, а тие се поврзани со слободата на медиумите, слободата на изразувањето и правото на слобода на говор. Слободата на медиумите се темели на два фундаменти. Тоа е здравото работно место, односно работните места ослободени од прекаријат и слободата на изразување односно правото на слободна мисла. И тука треба да си го поставиме прашањето дали ние работиме во такви услови. Сепак, бројките се поразителни, за да можеме да одговориме на ова прашање треба да констатираме дека 70% од вработените, над 2.000 медиумски работници се со плати под државниот просек и ист толкав број сакаат да ја напуштат оваа професија“, рече Беловски.

Според него солидарноста е многу важна во борбата за слободата на изразување и слободата на медиумите.

„Сто и дваесет наши колеги во светот и го загубиле животот. Затоа треба да се солидаризираме и денеска со оваа крводарителска акција да покажеме дека иако често е глорифицирана нашата работа и сме поттикнати дека сме поважни од останатие, тоа не е така, ние сме само обични луѓе, но сме важни по едно прашање, а тоа се грижиме за демократијата и преку нашата работа ја поттикнуваме слободата на изразувањето и градиме подобри општества. Но за да можеме да градиме подобро општество и здрава демократија мора да имаме предвид дека треба да сме слободни при тоа што го работиме“, додаде Беловски.

На настанот се обрати и Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ кој нагласи дека овој ден е важен во борбата на новинарите за подобри услови за работа.

„Новинарите често работат во небезбедни средини, соочени со цензура, малтретирање, заплашување, па дури и насилство. Слободата на медиумите е тесно поврзана со правото на пристап до информации на граѓаните. Овој ден се залага за слободата на информациите како основно човеково право, клучно за информирано донесување одлуки и функционирањето на една демократија“, рече Драган Секуловски“, извршен директор на ЗНМ.

Секретарката на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска се заблагодари за хуманоста и додаде дека функцијата која ја вршат новинарите е многу важна.

„Исто така вашата активност, вашата работа во нашето општество и глобално на светско ниво покажува навистина дека сте луѓе кои заслужуваат почит бидејќи и во мирнодопско време и во време на кризи, војни вие сте тука да ги информирате луѓето за тоа што се случува. Сметам дека бројката од 125 новинари кои го загубиле животот во една година исто така на своите работни места говори за тоа колку сте изложени на ризици. Меѓутоа повторно истакнувам дека начинот на којшто во Македонија го одбележуваме овој ден се покажува навистина почит кон животот“, рече Тунева-Пауновска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Општина Охрид да одговори за градбата на хотелот во туристичкиот локалитет „Горица“

Објавено пред

На иницијатива на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска се одржа седница на Националната комисја на УНЕСКО, на која беше разгледана актуелната состојба со изградба на хотелски комплекс на туристичкиот локалитет „Горица“.

dobivaj vesti na viber

Членовите на Комисијата донесоа заклучоци со барања до Општина Охрид, како надлежен орган, за доставување на целокупната документација околу изградба на пртедметната локација.

Министерката Косдадиновска-Стојчевска рече дека со оглед на надлежноста и одговорноста што Комисијата ги има, ова тело не смее да остави простор за изигрување на постојаната законска регулатива, поврзана со заштитата на светското природно и културно наследство.

Затоа, Националната комија на УНЕСКО побара од Општина Охрид да ја достави целокупната документација поврзана со предметната парцела: урбанистичка документација за предметната градежна парцела (извод од план или урбанистичката документација врз основа на која е планирана оваа градба и со која е оформена градежната парцела), договор и анекси на договорот за отуѓување на градежно земјиште со електоронско јавно наддавање за градежната парцела, одобрение за градење на градбата од градежната парцела, проектна документација за градбата од градежната парцела врз основа на која е издадено одобрението за градење, известување за почеток на градба, дозвола за сеча на шуми согласно закон и сите други документи поврзани со предметната градежна парцела, а биле потребни за реализација на градбата од градежната працела.

Со оглед на тоа што претставниците на надлежните институции, членки на Националната комисија се изјаснија дека немаат никаква документација поврзана со предметот, беше донесен заклучок од Општина Охрид, чиј претставник не присуствуваше на седницата, да биде побарана целокупната документација која датира од 2011 година наваму.

Во воведот на седницата, Костадиновска-Стојчевска посочи дека до надлежните институции од културата не е доставено барање за изработка на планска документација. Исто така за предметната локација не е доставено никакво барање до НУ Завод и Музеј – Охрид и не се изготвени заштитно конзерваторски основи (ЗКО).

Проект за изградба на предметната локација не е доставен до надлежните институции од културата бидејќи во тој период не беше донесен План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. По донесување на План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не е доставен проектот ниту до Комисијата за управување со природно и културно наследство на Охридскиот Регион ниту до НУ Завод и Музеј – Охрид.

По добивање на потребната документација и информациите од Општина Охрид, Националната комисија на УНЕСКО ќе се произнесе со свои заклучоци и препораки во однос на изградба на хотелски комплекс на „Горица“.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

Објавено пред

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено за џебовите на нивното раководство и ним блиските роднини. Кога од партија се претворија во Коза Ностра, велат од албанскиот опозициски блок „Влен“.

dobivaj vesti na viber

„Сега кога доаѓа време за одговорност за коруптивните скандали се обидуваат како штит да го користат целиот Албанскиот народ и помалите етнички заедници кои ги користат како заложници. Тие веќе видени трикови не поминуваат. После 8-ми мај ќе има и Влада со ВЛЕН како единствен легитимен политички репрезент на Албанците, ќе има и Бадинтерово мнозинство, ќе бидат обезбедени и фундаментите на Охридскиот Рамковен договор и ќе има одговорност за сите што се огрешиле пред законите“, велат од „Влен“.

Како што оценуваат, не може и не смее одењето во опозиција ДУИ да го претставува како проблем за опстанокот на државата, бидејќи тоа е крајно неодговорно и кукавички. Затоа ги повикуваме да престанат да ги срамат Албанците и славните борци на УЧК.

„Не е крај на светот ако отидат во опозиција. Гарантираме дека нема да има политички реваншизам туку ќе само одговорност утврдена во фер правосудни постапки“, велат од партијата преку соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија48 минути

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија2 часа

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија4 часа

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија5 часа

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија6 часа

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет7 часа

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет7 часа

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија7 часа

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет7 часа

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет7 часа

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет8 часа

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...

Македонија18 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија19 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија20 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет23 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија24 часа

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија1 ден

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија1 ден

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија1 ден

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...