Македонија
Претседателот Иванов и натаму со висок и стабилен рејтинг
Еден месец по одлуката за аболиција од страна на шефот на Претседателот Ѓорге Иванов, шефот на државата и натаму ужива висок рејтинг кај македонските граѓани. Така, според последната анкета на Институтот „Павел Шатев“ 54,3 проценти од анкетираните изјавиле дека имаат позитивно мислење, наспроти 30,4 проценти кои имаат негативно мислење за шефот на државата.
Споредбено со анкетата од април годинава, односно пред почетокот на протестите, претседателот Иванов сега бележи пораст на рејтингот од 2-процнетни поена.Испитувањата на јавното мислење покажуваат поинакви резултати наспроти негативната перцепција за македонскиот претседател која во јавноста се обидуваат да ја креираат организаторите на тка „Шарена револуција. Довербата на граѓаните во претседателот Иванов е минимално променета и шефот на државата и натаму има стабилен рејтинг покажуваат сите досега спроведени анкети од различни институти.Ако се земе предвид анкетата на ИПИС од јуни 2013 година, кога 59 отсто од граѓаните се изјасниле дека имаат позитивно мислење за македонскиот претседател, и овие резултати се споредат со последната анкета на Институтот „Павел Шатев“, Претседателот бележи пад од 5 отсто во однос на довербата кај граѓаните. Според анкетата на американскиот републикански институт IRI,пак, од октомври 2015, кога 43 отсто проценти од граѓаните се изјасниле дека имаат позитивно мислење за претседателот Иванов, сега рејтингот на македонскиот претседател е повисок за 11 проценти.
Резултатите од спроведените анкети, според оцените на повеќето политички коментатори, покажуваат дека „Шарената револуција“, која бара оставка од претседателот Иванов, нема реална и масовна поддршка кај македонските граѓани, туку во суштина истата наоѓа оправданост кај партиски приврзаници и мал дел активисти, кои без исклучок се јавуваат во својство на предводници на речиси сите протести во земјава./крај/мф/сс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Соње, од продавнивницата кон село Чифлик, општина Сопиште.
Македонија
Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, извести АМСМ.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Продор на постуден воздух, температурите ќе бидат во опаѓање
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

