Македонија
Превенцијата е клучна за спасувањето на животите при природни катастрофи
Силните поплави што го погодија Скопје во август 2016 година и Тетово во август 2015 година, како и поплавите предизвикани од излевањето на реките во Пелагонија во февруари 2015 година се дел од една поширока состојба која го прави Западниот Балкан еден од регионите во светот кои се најподложни на природни катастрофи. Но, според најновиот регионален извештај на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), ништо не е неизбежно.
Превенцијата е одговорот: инвестирање во инфраструктура од заштитен карактер, како и попаметни практики, можат да ги спасат животите и имотот. Извештајот насловен како „Градење на отпорност на ризик во Западен Балкан“ вели дека во катастрофите во Западен Балкан, само во последните две години, е погодено 15 пати повеќе население, и се предизвикани 30 пати поголеми економски штети споредено со цел период од 2000 до 2013 година. Најголеми штети нанесоа поплавите во Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија во 2014 година, а додека напорите за обнова, поддржани од меѓународни донатори, се обидуваат да го нормализираат животот, Западниот Балкан и натаму останува високо подложен на природни катастрофи. „Во текот на последните две децении, во вакви катастрофи на глобално ниво загинаа повеќе од 1,3 милиони луѓе и е предизвикана материјална штета во вредност од над 2 трилиони американски долари“, изјави постојаниот претставник на УНДП во земјата, Луиза Винтон. „Овој извештај посочува дека преземањето на поактивен и превентивен пристап кон ризикот помага во заштитата на животите и изворите на животна егзистенција на луѓето кои живеат во овој регион и ќе помогнат да се заштити постоечкиот и иден развој и инвестиции во регионот.Високата бројка на жртви во поплавите во Скопје на 6 август 2016 година го потенцираше значењето на концептот „Преживеј за да раскажеш“, кој е тема на овогодишниот Меѓународен ден за намалување на ризиците од катастрофи. Овој слоган ја нагласува важноста за јавната свест и подготвеност, која заедно со инфраструктурата од заштитен карактер, како на пример одводните канали во случај на бура, како клучни компоненти во сите напори за намалување на ризиците од катастрофа. Знаејќи што да се направи (и што да не се прави) во случај на екстремни временски услови, може да ја направат разликата меѓу опстанокот и трагедијата. Свесноста и подготвеноста ќе стануваат уште позначајни бидејќи климатските промени ги прават катастрофите се помалку предвидливи.„Три катастрофални поплави во период од 18 месеци: ова е порака со која што климатските промени излегоа целосно од рамките на екстремните временски услови“, објаснува Винтон. „И додека намалувањето на ризикот од поплави е приоритет насекаде за УНДП, влоговите овде и низ целиот Западен Балкан се исклучително високи.Спречувањето на поплавите е основата на програмата на УНДП. Во последните две години, Системите за брза проценка на ризик од поплави, се имплементирани во три најризични речни сливови – Црна, Струмица и Пена, како и за поројните планински потоци во Полошкиот регион, Водно и Скопска Црна Гора.Употребата на хидрауличното моделирање, сателитско мапирање и симулација на поплави во урбаните и руралните области, како и економската проценка на штетите од поплавите и трошоците за инфраструктурата потребна за да штити од поплави, помогнаа во откривање на високоризичните области и преземање на приоритетни мерки за превенција од поплави.УНДП во моментот гради и врши реконструкција на инфраструктурата за спречување поплави во сливот на реката Струмица, со помош на средства од Швајцарската Агенција за развој и соработка. Со поддршка на Министерството за локална самоуправа, УНДП врши поправка и проверка на браните на реката Пена со цел да се заштити тетово од поплави, со мерки што треба да се преземат во иднина во Полошкиот регион. УНДП исто така спроведува Програма на Европската унија за санација на штетите од поплавите, вредна 10 милиони евра за да помогне „да се изгради подобро“ инфраструктурата што беше оштетена во поплавите во февруари 2015 година. Во овие напори се вклучени низа регионални и локални патишта и мостови, системи за одводнување, регулирање на речните корита и брани во 15 општини.Од Проценката на потребите по настанувањето на природни несреќи и катастрофи, што УНДП ја спроведува заедно со ЕУ и Светска банка, за да се направи проценка на влијанието на поплавите во Скопје, се очекува да ги идентификува идните ургентни приоритети со цел спречување на поплавите и да обезбеди рамка за поддршка на донаторите. Ургентната Проценката на потребите по настанувањето на природни несреќи и катастрофи ќе вклучува проширување на системот за одводни канали во случај на бура, изградба на брани за контролирање на поројните дождови, спречување на несоодветна употреба на одводните канали како импровизирани депонии, како и забрана за градење на живеалишта во местата со висок ризик од поплави и создавање на системи за рано предупредување кои ќе можат да го вклучат алармот веднаш штом ќе се појави закана од поплави./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Техничката влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година. Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДС и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше спротивно на изборните правила и волјата на граѓаните.
„Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12 и пол години од таа политичка криза и од договорите кои што тогаш се правеа. Оваа техничка влада го надмина времето и причините за кои што беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа, која што го прави, и на ова треба да се стави точка и да заврши затоа што ни треба нормално функционирање на државата“, вели Николоски.
„Ние го инициравме тоа, но единствената причина зошто не се укина техничката влада за изборите во 2024 година беше договорот помеѓу СДС и ДУИ, да ДУИ добие премиер, и тоа се случи, Талат Џафери стана премиер, што беше вон сите изборни правила, и вон волјата на народот, и затоа завршија на избори како што завршија“, рече Николоски.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.

