Македонија
Протест: Понижувачкиот статус на лекарите е резултат на долгорочните политики во здравството
Лекарите и другите здравствени работници во четврток излегоа на протест во кругот на Клиничкиот центар со транспаренти „Јас сум Љубомир Огњеновиќ“ и мети на себе за да го изразат револтот од инцидентот што се случи во понеелникот на Клиниката за дигестивна хирургија кога син на пациентка го застрела хирургот Оњеновиќ.
Лекарите се револтирани од понижувачкиот статус на здравствените работници и соработници кој е резултат на долгорочните политики во здравството кои доведоа до омаловажување и деградирање на здравствените работници.Тие се надеваат дека Министерството за здравство ќе почне да ги третира како рамноправен партнер и заеднички ќе создадат здравствен систем што ќе биде пред се добар за пациентите, а потоа и за лекарите.„Се собравме овде за да му оддадеме почит и поддршка на нашиот колега Љубомир Огненовиќ и да изразиме револт од статусот што го имаат здравствените работници во Република Македонија. Огорчени сме од целата ситуација и бараме итно да се променат работите“, рече Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на клиниките.Тој побара рамноправна и партнерска комуникација со институциите за да се направи функционален здравствен систем кој ќе биде добар и за пациентите и за здравствените работници.Емилија Стојановска од Клиниката за дигестивна хирургија рече дека се револтирани од понижувачкиот статус на здравствените работници кој според неа е резултат на долгорочните политики во здравството.„Револтирани сме од понижувачкиот статус на здравствените работници и соработници кој е резултат на долгорочните политики во здравството кои доведоа до омаловажување и деградирање на здравствените работници. Револтирани сме од невидената хајка против лекарите како недоволно едуцирани, корумпирани и неодговорни и непријателско настроени кон пациентите и директно вперување на прст кон нив како главни виновници за несаканиот исход од лекувањето на пациентот“, рече Стојановска.Овој немил настан само ја прелеа чашата и не сплоти сте заедно да кажеме „не, „доста е, ова повеќе не го прифаќаме“, рече Предраг Серафимовски, лекар на Клиниката за максилофацијална хирургија.„Кога ние предупредувавме, вие одбравте, кога велевме ‘не’ за проектот за плаќање по учинок, вие одбравте, кога ние велевме заедно да ја изготвуваме новата законска регулатива, вие одбравте, кога ние велевме дека не сакаме чип картички, вие одбравте, кога велевме да не ги уценувате специјализантите, вие одбравте, кога велевме директори не вршете мобинг, вие одбравте“, истакна Серафимовски.Здравствените работници бараат систем за заштита на достоинството и угледот на здравствените работници и соработници, квалитетна и професионална заштита, Синдикатот да биде рамноправен партнер во изготвувањето на законската регулатива уште од почетна фаза, бенефициран работен стаж на овие профили на кои им следува./крај/мф/
Извор: Плус инфо
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Најстудено утрово на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -8 било Берово и Маврови Анови, -7 во Крушево и Крива Паланка, -5 во Тетово, -4 во Скопје-Петровец, Штип, Битола, Демир Капија, Виница и Претор, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Куманово, Прилеп, Охрид и Дебар, -2 во Кавадарци, 0 во Велес, 2 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во седум часот утрово изнесувала 32 сантиметри на Попова Шапка и 12 во Маврови Анови.
Времето денеска
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Македонија
В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“
Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи. Маршот ќе започне во 14 часот на улица „Маршал Тито“.
Како што се објавува на социјалните мрежи, другарките на Фросина Кулакова која беше прегазена на 29 јануари, организираат бесплатен превоз до Неготино и назад за оние кои се од другите градови, а сакаат за бидат дел од протстот.
Според најавата која се шири на социјалните медиуми од Скопје автобусите ќе поаѓаат во сабота во 11 часот пред хотелот „Холидеј Ин“, а се повикуваат учество да земат и студентите.
Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.
Македонија
„Тој се’ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев
Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев на социјалните мрежи ја коментираше тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена Фросина Кулакова, немала да се случи ако возачот добил затворска казна.
„Тезата дека сообраќајката немала да се случи ако возачот добил затворска казна е неточна и лаичка! Тој се’ уште не е правосилно осуден и се чека одлука од Апелација. Тоа значи дека и да добил затвор ништо немало да се промени“, напиша тој.