Македонија
Шилегов очекува Протугер и Ставрески да сведочат пред Анкетната во четврток
Откако на неколку минути пред почетокот на седницата на Анкетната комисија за прислушуваните разговори, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ сооштија дека премиерот Никола Груевски нема да дојде поради службен пат во Израел, иако требаше да сведочи, претседателот на комисијата Петре Шилегов најави дека за утре очекува да се појават планираните сведоци Мартин Протугер и Зоран Ставрески.
Министерот за финансии и вицепремиер Ставрески, пак, најавил дека не може да дојде утре, туку побарал да сведочи на 17-ти декември, што за Шилегов не е прифатливо затоа што ги пробивало зададените рокови за сослушување на првите шестмина сведоци предложени по тројца од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, чие сослушување требаше да заврши на 15-ти декември.„Во текот на денешниот ден Анкетната комисија за скандалот со незаконски прислушкуваните разговори не супеа да усвои дневен ред со цел да биде одржана седница на Анкетната комисија . Напоменувам дека оваа седница беше најавена уште на 3-ти декември со завршувањето на втората комисија и на денешниот дневен ред требаше да бидат сослушани предложените од листите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ“, рече Шилегов. Тој констатира и дека премиерот Никола Груевски не се обратил писмено до Анкетната комисија иако тоа требало да го направи до 7-ми декември, а министерот Зоран Ставрески се обратил денеска, давајќи термин надвор од термините коишто беа посочени во писменото барање и јавното усно барање до Анкетната комисија. Антонио Милошоски, од ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека двајца функционери досега доставиле известување дека нема да можат да присуствуваат, а повика Комисијата да ги има предвид обврските на предложените сведоци од кои едниот денеска е на службен пат.Членот на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ Павле Саздов рече дека сведоците и да биле во можност да дојдат, немало услови да започне седницата, бидејќи не се исполнети сите деловнички услови.„И да беше тука премиерот, ние денеска немаше да можеме да ја започнеме седницата. Не се исполнети деловничките услови за водење на оваа Комисија дека сите членовите поканети од ВМРО-ДПМНЕ ќе даваат изјави на затворена седница, вие како претседател ги немате преземено сите мерки тоа да го овозможите. Секретарот на Комисијата, вашиот советник, членови на оваа Комисија, вклучително и техничкиот персонал немаат безбедносен сертификат, согласно тоа барам оваа точка да ја ставите на дневен ред“, рече Саздов.Според членовите на ВМРО-ДПМНЕ, прво треба да се побараат безбедносни сертификати на сите членови на Комисија и техничките служби, да се побара и Извештај од УБК за скандалот врз основа на која би се испрашувале сведоците, а до петок, предложи пратеничката Владанка Авировиќ, да се утврдат овие прашања и термините за посета во институциите, со цел поефикасно работење на Комисијата. „Барањето на ВМРО ДПМНЕ денеска да се стават точки на дневен ред е надвор од планот и програмата бидејќи планот и програмата на Анкетната комисија предвидуваат одржување на посебни седници на државните институции поврзани со скандалот со прислушувањето и беше во фунцкија да се обели валканиот образ на Никола Груевски за неговото непојавување на сослушување пред Анкетната комисија“, рече Шилегов.Анкетната комисија без оглед на поведението на ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи со своите секојдневни активности, а за утре е свикана нова седница, каде на дневен ред ќе биде сослушување на сведоците Мартин Протугер, како првопосочен од листата на СДСМ, со оглед на тоа што Груевски денеска не се појави пред Анкетната комисија и Зоран Ставрески како второпредложен од страна на ВМРО ДПМНЕ. „СДСМ стои на располагање на ВМРО ДПМНЕ на посебна седница да се разгледуваат нивните барања и да се формираат посебни работни групи со цел да се посетат овие институции којшто денеска беше побарано“, рече Шилегов.Според него, тоа што ВМРО ДПМНЕ одбрала во Анкетната комисија да стави лица коишто се директно инволвирани во прислушуваните разговори и имаат конфликт на интереси, доведува до тоа тие да немаат ниту личен, ниту политички интерес Анкетната комисија да разговара и за нивните прислушувани разговори.„Како претседател на комисијата тврдам дека можеме да ги исполниме сите закоски предвидени услови за затворање на седницата и работење на седниците иако напоменувам не постои договор за затворање на седниците. Желба е на ВМРО ДПМНЕ да се затворат седниците кога ќе сведочат нивните високи фунцкионери, СДСМ со таквата желба не се согласува и ќе сториме се што е во рамките на нашата законска и деловничка меѓутоа и политичка моќ да избегнеме затворено сведочење на Никола Груевски и врхушката околу него“, додаде Шилегов.Инаку, ВМРО-ДПМНЕ предложи поинаков дневен ред во кој бараше формирање работна група која ќе ја посети УБК, барање до МВР да отвори внатрешна истрага за прислушувањето и обезбедување безбедносни сертификати за сите членови на комисијата и за техничкиот персонал. Но и овој предлог не доби мнозинство од најмалку 9 гласа, бидејќи СДСМ и ДУИ беа против, а ДПА и независната пратеничка, воздржани./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови.
„На ниво на држава по мандати коалицијата ’Твоја Македонија’ со ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, коалиција ’За европска иднина’ со СДСМ 19 мандати. Коалицијата ’Европски фронт’ има 18 мандати, коалиција ВЛЕН 13 мандати, политичка партија Левица 6 мандати и ЗНАМ 5 мандати. Може да се случат некои мали промени да претрпат овие бројки. 94,05 е голем процент на обработени податоци, не верувам дека ќе има некои сериозни промени. Тоа ќе го знаеме веќе утре“, рече претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Вечерва почнаа да течат и рокови за приговори за парламентарните избори. Приговори за текот на гласањето може да се поднесат до 19 часот на десетти мај, а приговори за сумирање и утврдување резултати до 23.30 часот исто така на десетти мај.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја слави двојната победа, Мицкоски порача: Сите кои што мислеа дека можат да ја уништат Македонија, завршија на буниште
Членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите симпатизери ја слават победата на претседателските и парламентарните избори на плоштадот во Скопје.
На насобраните луѓе им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ја ослободивме Македонија. Сите тие кои што мислеа дека можат да ја ограбат Македонија, да ја понижат, да ја уништат, денеска завршија на буниште, а набргу ќе одговараат“, порача тој.
Мицкоски претходно ги повика граѓаните да дојдат на плоштадите низ сите градови на Македонија заедно да ја прослават победата.
Македонија
Ахмети: ДУИ е втора сила во државата
ДУИ е втора сила во државата, изјави вечерва лидерот на интегративците, Али Ахмети.
„Ние Европскиот фронт сме втора сила во државата. Ние всушност го имавме ВМРО-ДПМНЕ како главен противник, затоа што ВМРО многу му помогна на Влен, но разликата помеѓу Европскиот фронт и Влен е преку 30.000 гласови“, рече Ахмети.
Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, коалицијата Влен освои 13 мандати.
ВМРО-ДПМНЕ која извои убедлива победа со 59 пратеници и ќе го добие мандатот за формирање Влада, најави дека ќе почне преговори со Влен за коалицирање. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски и вечерва повтори дека е време ДУИ да замине во опозиција.