Македонија
Собранието ја повлече одлуката за самораспуштање, ВМРО-ДПМНЕ најави избори на 5-ти јуни
По долги и детални анализи, извршниот комитетот на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за поместување на изборниот ден на 5-ти јуни, изјави во вторникот после полноќ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по одлуката на пратениците со 83 гласа „за“ и три „против“ да го отповикаат самораспуштањето на Собранието, што во спротивно ќе значеше избори на 24-ти април.
„Во овој момент се постигнати сите услови за избори на 24-ти април, и на секого му е јасно зошто СДСМ не сакаше да оди на изборите и бара разни изговори, како му се јасни на секого причините зошто проценката на САД и ЕУ беше таква како што беше и како што е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ прифати мало поместување на изборите. Одлуката за изборниот ден беше во наши раце, по долги и детални анализи извшрниот комитет на вмро-дпомне донесе одлука за п оместување на изборниот ден на 5-ти јуни, а ова го правиме за да не оставиме простор за да бидеме погршено разбрани од дел од нашите граѓани но и злоупотебени од сите они кои не и мислат добро на Македонија и не сакаат да оди напред“, рече Груевски.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на ЕУ и САД партијата добила уверување дека ова ќе биде единственото поместување и дека ќе нема нови проценки околу тоа дали земјата е подготвена за одржување на избори или не.
„Претставниците на ЕУ и САД не убедија во четири работи, прво дека ова ќе е единствено поместување, второ дека нема да има разно разно преговори за организацијата на изборите бидејќи и тие сега веруваат дека ДИК ќе има доволно време за прочистувањето на избирачкиот список, трето дека нема да има поставување на никакви други услови з аодржување на изборите на 5-ти јуни, вклиучувајќи го и законот за медиумите и четврто, дека нема да има нови проценки за тоа дали земјата е подготвена за избори, од страна на ЕУ и САД. Од ДУИ добивме уверување дека стојат цврсто зад одлуката за избори на 5-ти јуни, државата не може да биде заложник на СДСМ. Со ова поместување и даваме шанса на СДСМ да излезе на избори, само со излегување на изборите се добива легитмитет. На оние кои сметаат дека ВМРО направи премногу компримиси, сакам да им порачам дека тоа се должи на нашата во верба во народот и во силата која што тој ни ја дава“, порача Груевски.
Лидерот на СДСМ пак, Зоран Заев порача дека одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за повлекувањето на распуштањето на Собранието е уште еден пораз за Груевски.
„Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за повлекување на распуштањето на Собранието е уште еден пораз за Никола Груевски. Со кршењето на Договорот од Пржино, лажниот патриот Груевски се обиде да ја турне Македонија во уште една криза, а оценката на ЕУ и САД дека не се исполнети условите за избори, покажува само колку се важни слободните и фер демократски избори за Македонија. Груевски се плаши од слободни и фер избори поради тоа што знае дека ќе ги изгуби. Пред само еден час ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека нема поместување на 24-ти април, а сега ништо веќе не зависи од Никола Груевски. Во Македонија ќе има слободни избори, на кои ќе се избере влада со полн легимитет, за решавање на проблемите и продолжување на евроинтеграциите. Промените доаѓаат на слободни и фер демокртски избори“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Во меѓувреме, носителот на столбот Партнерства за Македонија на СДСМ, Стево Пендаровски на својот твитер профил објави дека „вечерва не е постигнат договор на четирите партии на 5-ти јуни“.
„Три партии повторно ја ставаат во залог Македонија“, напиша уште Пендаровски, додавајќи дека партијата наскоро ќе излезе со свој став.
Европратеничката тројка Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, пак, кои во текот на денот остварија средби со лидерите на политиките партии во земјата, кратко порачаа дека „политичките лидери вечерва ќе одлучат за иднината на Македонија и дали земјата ќе продолжи по европскиот пат или не“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ковачки: СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на народот
Победата во првиот круг е огромна. Победата е ваша на сите граѓани. Затоа што вие одлучувате во каква Македонија ќе живеете. Сакам да ви честитам на сите кои се обединивте и се приклучивте на промените. Но имаме уште работа. Пред нас е вториот круг за избор на претседател на Македонија и избор за нова влада. Во вас е силата за конечна промена на Македонија и враќање назад на државата, во вашите раце, вели Драган Ковачки, носител на изборната единица 3 на денешниот митинг во Виница во рамки на парламентарната и претседателска кампања.
Ковачки, посочи дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ следи одговорност за власта на СДС и ДУИ за криминалот и сите штетни политики кои ја потонаа Македонија.
Има уште два удари кои треба да ги зададеме на оваа криминална влада на СДС и ДУИ. Едниот на 8 мај. А потоа по победата на ВМРО-ДПМНЕ следува и третиот удар за секој еден кој се огрешил пред законот. Тоа се вика одговорност. Одговорност за сите штетни политики кои ја потонаа Македонија. И одговорност за целиот криминал кој го правеше ДУИ и измеќарите од СДС, дециден е тој.
Ковачки истакна дека народот е силата и одговорот на сите порази и скандали на Ковачевски и Ахмети.
Вие покажавте што значи кога некој си игра со вашите судбини. Вие сте силата и одговорот против сите порази, скандали и афери на Димитар Ковачевски и Али Ахмети, рече тој и додаде дека порано СДС поразот го славел како победа, а денеска се тешат со истиот тој пораз, укажувајќи дека 360 илјади граѓани им порачаа дека се готови.
Деновиве после поразот ги слушам како велат ја примивме пораката од народот. Ќе се промениме. Но лажат. И тогаш ви кажав и сега ви кажувам, лажат сушат. Лажат за да продолжат да крадат, малку им е што ве покрадоа. Сакаат уште. Денеска ги слушам како велат резултатот е нула. Се сеќавате порано поразот го славеа како победа, како триумф, денеска се тешат со поразот. Но, не сфаќаат дека 360 илјади граѓани му дадоа црвен картон на СДС, Ковачевски, Пендаровски, Али, Груби. 360 илјади граѓани им порачаа ГОТОВИ СТЕ! Затоа ајде да го тродуплораме овој резултат овде и секаде низ општините во Македонија, порача Ковачки.
Ковачки, додаде дека СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на народот.
Затоа што СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на народот, противник на Македонија, затоа што изминатите 7 години од политичка партија се претвори во обичен измеќар на ДУИ. Ковачевски прифаќаше секаква наредба од Али само за да опстои на власт, Стево пак не го видовме воопшто да се спротивстави на криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ, напротив коленичи пред ДУИ. се фасцинира од Али и Груби. Епа не ни треба таков човек кој е нем посматрач додека Македонија ја распродаваат. Не ни треба Ковачевски кој за секој скандал на ДУИ и Али има оправдување, затоа што и тој е вмешан. За пусти пари го брани и она неодбранливото. Епа доста е!Нашата визија е Македонија повторно ваша. Во вашите раце. Затоа што вие сте сила на една држава.
Во однос на проектите, Ковачки кажа дека Платформата 1198 за Виница се обврзува на реализација на:
Изградба на Булевар Илинденска на влез во Виница, изградба на кружен тек, ул. Браќа Миладинови, изградба на локален пат до туристичка и викенд населба на Плачковица, село Градец – Маринково, Блатец – Детлово (2 фаза), регулација и партерно уредување на Виничка река, регулација на Градечка река – Виница, партерно уредување на кеј на Градечка река во Виница, изградба на локален пат Трсино – Голак (1 фаза), изградба на спортска сала во ООУ Гоце Делчев – Виница, изградба на спортски терени во село Градец и село Трсино, изградба на канализациона мрежа во село Липец, изградба на пречистителна станица за отпадни води во село Блатец, регулација на речно корито на Кајанечки дол село Истибања, изградба на водоводна мрежа во Големчево – село Истибања, изградба и реконструкција на улици во Виница и други населени места. И уште многу други проекти за кои се обврзуваме да ги реализираме во 4 годишниот мандат.
На крај, Ковачки побара поддршка од граѓаните на 8 мај за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада и Гордана Силјановска Давкова за нов претседател на Македонија.
Ни треба вашата поддршка и масовна излезност на 8 мај за бројот 2, за двојна победа. 2 за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада, и 2 Силјановска Давкова за претседател на Македонија. За Макаедонија да ја трансформираме напред кон нови победи, проекти и реформи. Ни треба поддршка сплотеност и обединетост за да создадеме иднина овде во сопствената Македонија.Ни треба вашата поддршка за да си ја вратиме изгубената држава, за институциите да бидат во ваша служба, а не во служба на криминалците од СДС и ДУИ. Ние ја сакаме Македонија повторно твоја. Македонија на земјоделците, на здравствените работници. Македонија повторно твоја на просветните работници, Македонија на пензионерите. Македонија на младите. Македонија на успешни компании и странски инвестиции. Македонија земја на горди граѓани, порача Ковачки.
На 24 април го делегитимиравме Ковачевскии Ахмети и бандитите. А на 8 мај да ги срозиме. И да го победиме ова зло поради кое Македонија и вие граѓаните тонете, изјави тој.
Македонија
Пендаровски: Наместо да се извинат за 27 април, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател најавува амнестија за насилниците
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на 7 -годишнината од упадот во Собранието, кој се случи на 27 април 2017-тата година, истакна дека насилниците коишто влегоа да тепаат пратеници и новинари, не им се извинија ниту на граѓаните, ниту пак на луѓето кои ги поттикнуваа на насилство против своите сограѓани, само за да ги зачуваат своите фотелји затоа што не сакаа мирно да ја предадат власта, туку повеќе беа подготвени да ја жртвуваат државата. Наместо извинување, сега ВМРО – ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател најавуваат амнестија на насилниците доколку дојдат на власт.
„За жал истите луѓе кои на тој ден упаднаа во Собрание, сега бараат власт. Претседателот на главната опозициона партија беше влезен исто така. Не велам дека сите што влегоа внатре се криминалци, меѓутоа сакав да го прашам и тогаш и сега што бараше внатре во Собранието? Дали да ја заврши работата која ја организираа од неговата партија, да не дозволи мирен трансфер на власта – сите знаеме дека беше тоа, имаше судски пресуди на таа тема. За жал од тогаш поминаа 7 години, ни еден од актерите, особено ниту еден од организаторите не се извини затоа што за прв пат во историјата партијата на власт за да не ја даде власта организира бунт и со помош на пратеници, нападна пратеници, еден, двајца беа на работ на смрт. Освен што не се извинија, денеска нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија“, рече Пендаровски.
И дополнително, како што додаде Пендаровски се претставуваат како патриоти кои ја бранеле Македонија.
„Јас разбирам да кажеш криви биле тие и тие, по име и по презиме и да речеш дека многу им се високи казните или во име на некакво национално помирување да им простиме дел од казната, да си одат дома, било што било. Но ништо од тоа не се случува, само се најавува амнестија. Според мене тоа е јасен индикатор дека на таков начин, ако дојдат на власт и ќе се владее“’, додаде Пендаровски денеска во Пештани.
Македонија
Силјановска-Давкова: Не е точно дека стартуваме од нула, ние не шутираме пенали, а тие ги промашија на празен гол
Во рамките на својата кампања за претседателка за Република Македонија, професорката Гордана Силјановска – Давкова, оствари средба со граѓаните на Дебар каде што имаше свое обраќање.
„Ја заслужувате мојата благодарност за поддршката во првиот круг, без вашите гласови сигурно дека немаше да биде ваков резултатот каков што е многу инспиративен, не само за мене, не само за ВМРО ДПМНЕ туку за сите граѓани! Ние не агитираме, не ви велиме дека мора да гласате за нас, ама знаеме за кого ќе гласате. Ќе гласате за подобрите, ќе гласате за оние кои носат промени а не за оние кои велат дека грешеле ама сега ќе се обидат тоа што го згрешиле да го поправат, а тоа е невозможно“, рече Силјановска – Давкова.
„Не е точно дека стартуваме од нула, ние не шутираме пенали, а тие ги промашија на празен гол“, вели таа.
„Продолжувам онаму каде што застанавме таму каде што вие ни рековте дека треба да застанеме зашто гласовите се ваши, гласовите се на граѓаните и ние тоа нема да го заборавиме. Ако реков дека во првиот круг очекувам политички земјотрес, тој се случи, дури и со поголема разорна сила, која го допре СДСМ. Ама на 8 мај очекувам политички вулкан, бидејќи некои процеси можат да се насетат и не можат да се избегнат. Неминовен е поразот на СДСМ, на ДУИ, на коалицијата и неминовна е победата на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. Неминовен е поразот на господинот Пендаровски и се насетува мојата победа. Тоа е јасно. Ова власт мора да си оди!“, заклучува кандидатката за претседател.