Спорт
Проблеми за ГСВ, се повреди и Дрејмон Грин
Актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс, изминатиот месец на „Ол-стар“ натпреварот имаше четворица кошаркари, најмногу од сите тимови во лигата, меѓутоа по натпреварот со Сан Антонио, сите тие се на листата на повредени играчи.
Вориорс с…
Актуелниот шампион во НБА-лигата, Голден Стејт Вориорс, изминатиот месец на ол-стар натпреварот имаше четворица кошаркари, најмногу од сите тимови во лигата, меѓутоа по натпреварот со Сан Антонио, сите тие се на листата на повредени играчи.
Вориорси се поразени од Сан Антонио (89:75). Натпреварот го почнаа без Кари, Томпсон и Дурент, а во втората четвртина останаа и без чевртиот ол-стар играч, Дрејмонд Грин.
Еден од најдобрите дефанзивци во лигата се пожалил на повреда на препоните и потоа не се врати на теренот. Голден Стејт не објави колкава пауза го очекува Грин.
Од претходно во тимот ги нема Кари, Томсон и Дурент, но сигурно е дека тие ќе бидат во тимот кога ќе почне плеј-офот.
The play that knocked Draymond Green out of the game, looked like Danny Green got him in the groin pic.twitter.com/g1SeNXCUup
— Anthony Slater (@anthonyVslater) March 20, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јунајтед стави 11 играчи на трансфер листата
Манчестер Јунајтед игра уште една лоша. Поради тоа Сер Џим Ретклиф и останатите челници на „црвените ѓаволи“ донеле радикална одлука, во летниот преоден рок на продажба ќе биде половина од тимот.
Шестото место, 53 бодови и 24 бодови зад лидерот Арсенал по 33 одиграни натпревари сигурно никого не задоволува на „Олд Трафорд“.
Покрај тоа, клубот го загуби финалето на Лига купот и заврши на четвртото место во групата на Лигата на шампионите во конкуренција на Баерн, Копенхаген и Галатасарај.
Пред неколку дена Манчестер Јунајтед на „мускули“, по изведувањето пенали го елиминираше Ковентри во полуфиналето на ФА Купот. За трофејот ќе игра против Манчестер Сити на 25 мај на Вембли.
Поради тоа во клубот донеле радикална одлука. 11 играчи ќе бидат ставени на трансфер листата и ќе можат да го напуштат клубот во летниот преоден рок.
На списокот има Во него има неколку звучни имиња:
Арон Ван-Бисака
Виктор Линделоф
Хари Мегваер
Рафаел Варан
Касемиро
Кристијан Ериксен
Антони
Дони Ван де Бек
Џејдон Санчо
Ентони Марсијал
Маркус Рашфорд
Спорт
Судењето на Манчестер Сити ќе започне во „блиска иднина“
Првиот човек на Премиер лигата, Ричард Мастерс, изјави дека „во блиска иднина ќе се одржи рочиште за случајот со Манчестер Сити по сите 115 точки“.
Бен Рамсби, истражувачки новинар на англиски Телеграф, ја објави веста на својот профил на мрежата „Х“.
Со коментар дека „ова е најблиску до кое Мастерс дошол да спомне конкретен датум“.
Некои информации кои се појавија во јавноста на крајот на минатата година укажуваа дека судењето би можело да започне есента 2024 година.
Сити е обвинет по 115 точки од обвинението за повеќекратни финансиски прекршоци. Истрагата започна уште во 2018 година и продолжи до почетокот на 2023 година, а беа проверени и одлуките и работењето на клубот од сезоната 2009/10.
Што значи тоа „во блиска иднина“ останува да видиме. Судењето веќе е одложено поради откривање на нови докази и сведоци подготвени да сведочат.
Спорт
Ибрахимовиќ му препорача тренер на Милан
Златан Ибрахимовиќ (42) од оваа сезона е советник за спортски прашања во фудбалскиот клуб Милан. Легендарниот шведски центарфор учествува во обликувањето на спортската политика на клубот, а наскоро „росонерите“ ќе треба да одберат нов тренер. Стефано Пиоли го напушта клубот на крајот на сезоната по пет години и едно освоено Скудето.
Италијанските медиуми пишуваат дека Златан лобира функцијата да ја преземе Марк ван Бомел (47). Поранешниот холандски играч за врска го предводи белгиски Антверпен.
Ибрахимовиќ и Ван Бомел играа заедно за Милан од јануари 2011 до јуни 2022 година. Наводно клубот веќе стапил во контакт со тренерот.
Ван Бомел во кариерата самостојно ги водеше ПСВ и Волфсбург, а работеше и како асистент во репрезентациите на Австралија и Саудиска Арабија. Во својата кариера настапуваше за Фортуна Ситард, ПСВ, Барселона, Баерн и Милан, а кариера ја заврши пред 11 години како играч на ПСВ Ајндховен.
Раководството на Милан размислува уште неколку кандидати. Според „Газета дело Спорт“, најголеми фаворити се Пауло Фонсека и Хулен Лопетеги. Фонсека е 51-годишен Португалец кој моментално раководи со Лил, а две години работеше во Италија како тренер на Рома.
Лопетеги (57) оваа сезона е без работа откако се раздели со Волвс, додека најпознат е по менаџирањето на Шпанија, Реал Мадрид и Севилја.