Свет
Обама изрази сочувство за смртта на Фидел Кастро кого Трамп го нарече „брутален диктатор“
Американскиот претседател Барак Обама изрази во саботата сочувство за смртта на водачот на кубанската револуција Фидел Кастро, додека неговиот наследник во Белата куќа го нарече „брутален диктатор кој го угнетуваше својот народ шест децении“ и рече дека неговата администрација откако ќе ја преземе должноста на 20-ти февруари, ќе стори сé за да му помогне на кубанскиот народ.
„Во моментот на смртта на Фидел Кастро, ние му подаваме рука на пријателство на кубанскиот народ“, изјави американскиот претседател Барак Обама изразувајќи сочувство за смртта на кубанскиот челник во петокот на 90-годишна возраст.
„Историјата ќе запише и ќе суди за огромното влијание на оваа фигура врз луѓето на сите околу него“, се наведува во писмената изјава на Обама.
Тој истакнува дека речиси 60 години односите меѓу САД и Куба биле нарушени од „политичките разлики“,и оти во текот на неговото претседателствувањето напорно се работело да се остави минатото зад себе и да се стреми кон иднината, во која односите меѓу двете земји ќе бидат определени не со разликите, туку со многуте нешта коишто ги споделуваат како соседи и пријатели.
„Денеска ние изразуваме сочувство до семејството на Фидел Кастро и се молиме за кубанскиот народ. Следните денови тие ќе си споменуваат за минатото и ќе гледаат кон иднината, и притоа кубанскиот народ треба да знае дека САД се нивниот пријател и партнер“, порачува Обама.
Обама кон крајот на 2014 година објави дека го започнува процесот на подобрување на односите со Куба, кои беа прекинати повеќе од шест децении. Во 2015 година двете земји ги отворија повторни дипломатските мисии, а во март истата година Обама ја посети кубанската престолнина Хавана. Сепак, американското трговско ембарго врз Куба наметнато од страна на Конгресот досега не е укинато.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, пак, во својата изјава по повод смртта на Фидел Кастро го нарече кубанскиот челник диктатор и вети оти ќе помогне за благосостојба на Куба.
„Денеска светот го одбележува заминувањето на бруталниот тиранин кој го угнетуваше сопствениот народ во речиси шест децении. Оставината на Фидел Кастро се стрелачките водови, незамисливите страдања сиромаштијата и непочитувањето на фундаменталните човекови права“, се истакнува во писмената изјава на Трамп.
Додава дека Куба и натаму е тоталитарен остров. Притоа Трамп изразува надеж дека со смртта на Фидел земјата ќе мине од ужасите коишто ги трпела кон живот во заслужената слобода „за прекрасниот кубански народ“.
„И покрај трагедиите, смртите и болките предизвикани од Фидел Кастро, кои не можат да се избришат од паметењето, нашата администрација ќе стори сé што може за кубанскиот народ конечно да може да го започне својот пат кон просперитетот и слободата“, порачува Трамп./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Приведени 100 учесници на пропалестинските демонстрации на Универзитетот во Бостон
Полицијата денеска го растури студентскиот протест против израелската агресија во Појасот Газа на североисточниот универзитет во Бостон, а Универзитетот соопшти дека се уапсени околу 100 студенти.
Од универзитетот додаваат дека секој што имал универзитетска лична карта е ослободен и дека „ќе се соочи со дисциплинска постапка на универзитетот, но не и законска постапка“.
Во соопштението на универзитетот се нагласува дека активностите на демонстрантите се зголемени на ниво кое училиштето „не може да го толерира“, пренесува Бостон Хералд.
Les étudiants de l'Université Northeastern de Boston ont empêché les fourgons de police de quitter les locaux avec les étudiants arrêtés après avoir tenté de démanteler le camp de solidarité de Gaza. pic.twitter.com/bnJQQJ7YZU
— Marysieńka (@MarieMarysienka) April 27, 2024
Регион
Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал
Граѓани попладнево во одводен канал во Загреб пронашле возило со тело на непознато лице, соопшти полицијата.
Повикот во полиција стигнал нешто по 13 часот.
Полицијата набрзо пристигнала на локацијата меѓу Антуновац и Тења и потврдила дека лицето во возилото починало, пишува Вечерњи лист.
Истрагата е во тек.
Свет
(Видео) Нарачала фустани преку интернет, а во пакетот ѝ стигнала епрувета со крв
Ана Елиот од Тенеси неодамна нарачала фустани преку онлајн продавница, а кога пристигнал пакетот била преплашена.
Во кутијата, покрај облеката, пронашла епрувета со човечка крв и конзерва грав!
„Епруветата немаше име, име на лабораторија, ниту датум кога е земена крвта“, објаснува таа во видеото кое е прегледано повеќе од седум милиони пати.
Девојчето го контактирало Центарот за контрола и превенција на болести, кој го третира инцидентот како „биолошка опасност“, пренесува New York Post.
Ана ги предупреди клиентите на онлајн продавницата да бидат внимателни при отворањето на пакетите, а подоцна откри дека била во контакт со нивните претставници.
„Покренавме истрага и утврдивме дека пакетот поминал контрола на квалитетот и го оставил нашиот пакет без дополнителни артикли. Само со артикли кои се нарачани“, велат од компанијата.
Жителката на Тенеси објави серија видеа во кои ги информира своите следбеници за најновите случувања.
Претставник на транспортната компанија изјави:
„Искрено се извинуваме за ова искуство. Ние ги третираме пратките на нашите клиенти со најголема грижа и преземаме соодветни чекори за да го решиме овој проблем“.
Сè уште не се знае чија крв е во шишето, а конзервата со грав е уште поголема мистерија.
@anna_200.1 @SHEIN is denying that they have anything to do with it. And the @CDC.govOfficial ♬ Spooky, quiet, scary atmosphere piano songs – Skittlegirl Sound