Свет
Трамп го именуваше Пенс на чело на својот преоден тим, ги оствари првите меѓународни контакти
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп неколку дена по победата на изборите го назначи својот избран потпретседател Мајк Пенс за челник на својот преоден тим, кој доаѓа на местото на гувернерот на сојузната држава Њу Џерси, Крис Кристи, а републиканскиот кандидат ги започна во петокот и првите меѓународни контакти зборувајќи накусо со францускиот претседател Франсоа Оланд
Во телефонскиот разговор кој траел седум-осум минути, Доналд Трамп и францускиот претседател Франсоа Оланд потврдиле дека сакаат заедно да работат, наведоа извори од Елисејската палата.
Неколку часа по изборите, Доналд Трамп, се врати на социјалната мрежа Twitter, која му беше омилена алатка во текот на кампањата. „Полн распоред во Њујорк. Наскоро ќе носам многу важни одлуки за луѓето коишто ќе ја водат нашата влада“, напиша републиканецот во петокот утрото по локално време.
Тимот од кампањата му се придружи на Трамп во петокот во работата на транзицијата, во Кулата на Трамп, во која се наоѓаат канцеларии и неговата приватна резиденција на Петтата авенија во Њујорк.
По неколку часа на сајтот на транзициската влада беше објавено „Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, објави дека избраниот потпретседател Мајк Пенс ќе стане претседател на неговиот преоден тим“.
Гувернерот на сојузната држава Њу Џерси, Крис Кристи, ќе остане на функцијата заемник шеф на извршниот комитет, како и поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани и поранешниот шеф ан разузнавачкиот оддел на министерството за одбрана на САД, пензионираниот генерал Мајкл Флин.
Составувањето на неговата влада досега се одвиваше полека. Имињата кои досега се споменуваат во американските медиуми не носат промени и анти естаблишмент пораки на коишто Трамп ја водеше кампањата, заклучува AFP.
За разни министерства се споменуваат поранешниот њујоршки градоначалник 72-годишниот Рудолф Џулијани, 54-годишниот гувернер на Њу Џерси Крис Кристи, поранешниот претседател на Пратеничкиот дом 73-годишниот Њут Гингрич, претседателот на комитетот за надворешни работи на Сенатот, 58- годишниот генерал Мајк Лин, кој е и поранешен шеф на военото разузнавање. Медиумите забележуваат дека сите се повозрасни и белци.
Весникот The New York Times, кој се повикува на свои извори, пишува дека „кандидатурата на Кристи, е доведена во прашање последните неколку седмици поради тоа што два негови поранешни помошници биле инволвирани во скандалот со затворањето на мостот Џорџ Вашингтон“, кој го поврзува Менхетен со предградијата на Њујорк во сојузната држава Њу Џерси.
Медиумите го сомничеа републиканецот Крис Кристи дека неговата администрација намерно го блокирала движењето преку мостот „Џорџ Вашингтон“, кој го користи голем дел од жителите на државата Њу Џерси за патувања во Њујорк и обратно. Се претпоставуваше дека луѓето блиски на сенаторот сакале на овој начин да го казнат градоначалникот од редот на демократите на мало гратче во близина на мостот. Пристанишната служба на Њујорк, е одговорна за експлоатација на мостот, а Кристи отфрлаше секакво свои учество во случајот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.