Регион
Во Швајцарија уапсена Босанка осомничена за воени злосторства во БиХ

Поранешната припадничката на Армија на Босна и Херцеговина, Елфета Весели, која е осомничена за воени злосторства, уапсена е во Швајцарија, потврди во четвртокот Обвинителството на БиХ.
Швајцарската полиција на барање на Обвинителството на БиХ ја уапсила сега 56-годишната Елфета Весели во областа на кантонот Нојшатл, и сега следува процесот на нејзино депортирање во Босна и Херцеговина, каде што ќе ѝ се суди.
Весели е осомничена меѓу другото дека во текот на летото 1992 година, кај местото Каменица во околината на Зворник во источна Босна, на извонредно свиреп начин убила момченце од српска националност. Жртвата била Слободан Стојановиќ, кој во тоа време имал само 12 година, а Весели го заклала со нож.
Во текот на истрагата за ова злосторство, Обвинителството на БиХ собрало информации дека осомничената Весели живее во Швајцарија, па потоа се покренати мерки за нејзино лоцирање и апсење./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.