Контакт

Вести

Бројот на загинати во земотресот во Непал се зголеми на 3.128

Објавено пред

Бројот на загинати во силниот земјотрес што во саботата го погоди Непал се зголемува од час во час, а во понеделникот полицисски извор објави дека бројот на загинати се зголемил на 3.128.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Бројот на жртви се искачи на 3.128, а над 6.500 лица се повредени во земјотресот“, рече Рамешвор Дангал, кој раководи со спасувачката акција во Непал.

 

Според официјални податоци, околу 90 лица загинале во Кина и во Индија. Во лавина предизвикана од земјотресот загинаа 18 лица на Монт Еверест.

 

Десетици илјади Непалци спијат на улиците, врските се прекината, а електрична енергија има само делумно.

 

Социјалната мрежа Фејсбук активираше безбедносна карактеристика која им овозможува на корисниците, кои се затекнале во загрозеното подрачје да ги информираат семејството и пријателите дека се добро.

 

И компанијата Гугл, чиј еден директор загина во лавина на Хималаите, активираше свој систем за лоцирање на корисниците.

 

Многу држави понудија материјална помош и испратија спасувачки екипи да им помогнат на непалските власти во спасувањето.

 

Се стравува дека билансот на жртвите би можел да биде поголем. Ова е најлош земјотрес кој го погоди Непал во последните 80 години и разори стари делови на Катанду. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Грчкиот министер за надворешни работи: Грција не моли, бараме спроведување на договорот од Преспа

Зборувајќи за прашањето за односите меѓу Грција и Северна Македонија, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во разговор за ЕРТ...

Свет2 часа

Американците го предупредуваат Израел дека офанзивата на Рафа ќе биде голема грешка

Соединетите Американски Држави процениле дека Израел распоредил војници во близина на Рафа, најјужниот град во Појасот Газа, во број доволно...

Свет2 часа

Бајден потпиша закон: забранет увозот на збогатен ураниум од Русија

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон со кој се забранува увоз на збогатен ураниум или нуклеарно гориво за производство на...

Македонија2 часа

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за најновите политички случувања во...

Свет2 часа

Нов напад на Белгород; Русите: Уништени се куќи, има загинати

Еден далновод и повеќе од дваесетина куќи беа оштетени во најновиот украински воздушен напад врз градот Белгород, а руските воздушни...

Свет3 часа

САД и Австралија претставија огромни подводни дронови: „Ова е иднината на војувањето“

Ghost Shark и Manta Ray се имињата на прототипите на беспилотни подводни возила, UUV или беспилотни летала, неодамна претставени од...

Македонија15 часа

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија17 часа

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ18 часа

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија21 час

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија21 час

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија21 час

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет23 часа

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија1 ден

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...

Македонија1 ден

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и...

Македонија1 ден

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна...

Свет1 ден

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар, Андреј Белоусов, чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет1 ден

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од речиси 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...

Свет1 ден

Северна Кореја: Сојузниците на САД да го прекинат надзорот врз нас

Северна Кореја го осуди надзорот на земјата, наводно извршен од земјите сојузници на САД под изговор дека го следат спроведувањето...

Свет1 ден

Руското Министерство за одбрана: Соборени 16 украински проектили и 31 беспилотно летало

Руската воздушна одбрана уништи четири украински крстосувачки ракети „Олуја сенка“ над Крим и 12 ракети „Оља“ над Белгородската област, соопшти...