Контакт

Вести

Бројот на жртвите во нападот во Тунис се зголеми на 22, ранети 42 лица

Објавено пред

Дваесет и две лица, од кои дваесет туристи, се убиени во нападот во музејот „Бардо“ во средата во Тунис, е најновиот биланс објави вечерта во средата туниското министерство за внатрешни работи додавајќи дека шефот на дипломатијата вината ја гледа во соседна Либија која станала расадник на тероризмот, додека од светот доаѓаат осуди на овој терористички напад.

dobivaj vesti na viber

„Убиени се 22 лица, меѓу кои 20 се туристи од Јужна Африка, Шпанија Франција, Полска и Италија“, изјави портпаролот на туниското министерство за внатрешни работи Мохамед Али Аруи за агенциите. Додаде дека во нападот се ранети 42 лица.

Во меѓувреме италијанското министерство за внатрешни работи објави дека во нападот загинале тројца и ранети биле најмалку шест италијански државјани кои се хоспитализирани во болница во Тунис, пренесе агенцијата Ansa.

Нестабилноста во соседната Либија е „расадник на тероризмот“, изјави во средата во Париз, шефот на туниската дипломатија Таџеб Бакуш и ја повика меѓународната заедница во акција за во споменатата земја конечно да се состави единствена влада, пренесе AFP.

„Расадник на тероризмот се нестабилноста и непостоењето на држава во Либија. Сé додека состојбата останува таква, сите сме загрозени. Ја поддржуваме секоја акција којашто тежи кон изнаоѓање решение за Либија, за оваа земја да има само една влада способна да го контролира тероризмот“, изјави Бакуш.

Вооружени напаѓачи во средата го нападнаа музејот „Бардо“ во центарот на главниот град Тунис во кој во тој момент се наоѓале најмалку 200 лица. Терористите земаа во заложништво туристи, а во текот на операцијата на туниската операција тие пукаа во заложниците. Двајцата напаѓачи, кои подоцна ги уби полицијата, стрелале врз туристите кога овие излегувале од автобус пред музејот, а на снимките од нападот емитувани на телевизиите се гледа како повеќе десетици луѓе се обидуваат да се засолнат од пукањето, а ги покриваат припадниците на безбедносните сили.

Во моментот на нападот во соседната зграда на парламентот пратениците токму во тој момент расправаа за антитерористичкиот закон. По нападот парламентот беше евакуиран.

Нападот врз ваква популарна цел претставува тежок удар за малата северноафриканска земја којашто се потпира на европските туристи и досега успеваше да го избегне поголемото насилство, откако со ткн Арапска пролет во 2011 година беше соборен деценискиот претседател Зине ел-Абидин Бен Али и тензиите меѓу секуларните и исламистичките политички сили кога имаше и политички убиства. Ода е најлошиот напад по самоубиствениот за кој одговорноста ја презема Ал Каеда во 2002 година во синагогата на туристичкиот остров Џерба, кога беа убиени 21 човек.

Смртоносниот напад во Тунис предизвика згрозување и осуди од целиот свет, а во главниот град Тунис стотици луѓе почнаа во средата навечер да се собираат изразувајќи протест против тероризмот. Стотици Тунижани започна да се собираат на авенијата Хабин Буркиба, главната сообраќајница во центарот на престолнината носејќи национални знамиња и извикувајќи слогани против тероризмот. „Тунис е слободен, терористите надвор“, „Да се исчистат терористите е нашата должност“ или „Со крват и душата ќе го бранам знамето“, извикуваа и ја пееја националната химна. Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун „најсилно го осудува овој напад“, и упатува „најискрено сочувство на семејствата на жртвите на овој чин…“, изјави заменикот на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак, Бан, „исто така, ја изразува солидарност со тунискиот народ и владата“, додаде.

Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, за терористичкиот напад ја обвини џихадистичката организација Исламска држава којашто е активна во соседна Либија. „Со денешниот напад на Тунис, терористичката група Даеш (арапски погрден назив за Исламската држава –з.м.) уште еднаш избра за цел земји и народи и од Средоземјето. Тоа ја засилува нашата решителност за уште потесна соработка со нашите партнери во спротиставувањето на терористичката закана. ЕУ е одлучна да ги искористи средства којашто ги има на располагање за на Тунис да му даде целосна поткрепа о борбата против тероризмот и реформата на безбедносниот сектор“, се истакнува во писмената изјава на Могерини.

Изрази на сочувство упати италијанскиот претседател Серџо Матарела, кој од свое лично име и италијанскиот народ одлучно го осуди „нискиот“ и „одвратен“ терористички напад „врз невооружени луѓе“.

Францускиот претседател Франсоа Оланд од името на својата земја изрази „солидарност и целосна поддршка“ за Тунис. „Веднаш го повикав тунискиот претседател за да му ги пренесам изразите на нашата солидарност во овие тешки моменти. Секогаш кога ќе се случи некој терористички чин, тоа не допира сите нас“, изјави Оланд во текот на својот говор во парискиот музеј „Лувр“.

Во Франција е покрената истрага за нападот во Тунис во кој меѓу ранетите има и француски државјани. Тоа е вообичаена практика во Франција кога меѓу жртви на напад или некоја несреќа во странство има и Французи.

„САД најсилно го осудуваат денешниот убиствен терористички напад во националниот музеј ‘Бардо’ во Тунис. САД во овие тешки моменти стојат крај тунискиот народ и даваат полна поддршка на напорите кои туниската влада ги вложува во изградбата на сигурен, напреден и демократски Тунис“, се истакнува во писмената изјава на американскиот државен секретар Џон Кери во која на семејствата на жртвите им се изразува „искрено сочувство“.

На осудите се придружи и рускиот претседател Владимир Путин кој испрати телеграма со сочувство до тунискиот колега Бежи Каид ал-Себси во кој изразувајќи „длабоко“ сочувство порача дека „вакво варварско злосторство не може да има никакво оправдување“. Во телеграмата, како што соопшти Кремљ, се порачува и дека Русија „одлучно го осудува тероризмот во сите негови пројави“ и се изразува „целосна поддршка на напорите на Тунис да се справи со оваа закана“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

(Фото+видео) „Македонијо, ти си бисер балкански“ ечеше на свечената промоција на 508 нови полициски службеници

Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година. Едногодишната...

Македонија1 час

(Видео) Николоски: Власта размислува за поткуп на гласачи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски, денеска рече дека власта размислува за поткуп на гласачи...

Македонија2 часа

Спасовски: Насилниците од 27 април никако не смее да се нарекуваат уставобранители, ниту пак да бидат помилувани

Денешниот ден 27 април не смее да биде заборавен, ова е најцрниот ден во историјата на македонската демократија, рече денеска...

Свет3 часа

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата. „Едниот кат...

Свет3 часа

Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер

Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што...

Свет4 часа

(Видео) Застрашувачки снимки од торнадо во Америка, неколку стотици куќи се уништени, загинатите се уште се бројат

Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи. Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има

СДС знаат дека ќе изгубат катастрофално во вториот изборен круг, и наместо чесно да го прифатат поразот, тие мислат ќе...

Македонија6 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно...

Македонија7 часа

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ, велат...

Свет22 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија24 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија1 ден

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ1 ден

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија1 ден

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет1 ден

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет1 ден

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет1 ден

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион1 ден

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет1 ден

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...