Контакт

Вести

Бројот на жртвите во земјотресот во Непал надмина 6.600, дванаесет се од ЕУ

Објавено пред

Една седмица по разорниот земјотрес кој го погоди Непал сé уште спасувачките екипи извлекуваат тела од под урнатините и бројот на жртвите се приближува кон прогнозата на властите дека можеби станува за трагедија со најголем број жртви последните осум децении во земјата, а меѓу жртвите досега се идентификувани 12 лица од земјите од Европската унија и околу илјада се водат како исчезнати.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на министерството за внатрешни работи објавени на официјалната интернет страница во петокот навечер во 22 часот по локално време, бројот на загинатите изнесува 6.621 човек, а на повредените 14.014 луѓе. Претходно во петокот претпладнето непалското министерство за надворешни работи соопшти за дека загинале 6.124, а повредени биле 13.906 луѓе. Во досега најголемата несреќа предизвикана од земјотрес во Непал, оној од 1934 година, загинале 8.400 луѓе.

Спасувачките операции се отежнати од лошите временски услови, па се забележува дека сé уште тешко стигнуваат информации од зафрлените планински региони.

Во Непал по земјотресот од 25-ти април како исчезнати се водат околу илјади државјани на Европската унија, изјави шефот на дипломатската мисија на ЕУ во оваа хималајска земја, Ренсе Тееринк. „Не знаеме каде се, ниту каде би можеле да бидат“, изјавил за Reuters. Повеќето Европејци кои се водат како исчезнати, биле туристи кои биле на територијата на националниот парк Лангтанг, како и во областа на градот Лукла, прецизира агенцијата ТАСС.

Минатата сабота, 25-ти април, западните области на Непал беа погодени од земјотрес со магнитуда од 7,9 степени по Рихтер, чиј епицентар беше на 84 километри од главниот град Катманду со хипоцентарот на 15 километри длабочина, по што досега се регистрирани осумдесеттина последователни потреси со магнитуда меѓу 3,4 и 6,7 степени. Според непалскиот Центар за справување со вонредни состојби, стихијата целосно разурнала повеќе од 138.000 домови и 10.000 објекти, меѓу кои се и многу обновени древни споменици на културата.

Непалскиот премиер Сушил Коирала објави дека властите ќе платат по 100.000 рупии (илјада американски долари) надоместок за семејствата на загинатите во земјотресот, како и дополнителни 40.000 рупии (400 долари) за погребувањето на роднините. Министерот за финансии Рам Шаран Махат, пак, изјави дека на земјата ќе ѝ бидат неопходни најмалку две милијади долари за санирање на штетите, вклучително и за обновување на домовите и болниците./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија11 часа

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ12 часа

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија15 часа

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија16 часа

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија16 часа

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет18 часа

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија20 часа

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...

Македонија20 часа

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и...

Македонија20 часа

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна...

Свет21 час

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар, Андреј Белоусов, чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет21 час

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од речиси 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...

Свет21 час

Северна Кореја: Сојузниците на САД да го прекинат надзорот врз нас

Северна Кореја го осуди надзорот на земјата, наводно извршен од земјите сојузници на САД под изговор дека го следат спроведувањето...

Свет21 час

Руското Министерство за одбрана: Соборени 16 украински проектили и 31 беспилотно летало

Руската воздушна одбрана уништи четири украински крстосувачки ракети „Олуја сенка“ над Крим и 12 ракети „Оља“ над Белгородската област, соопшти...

Свет21 час

Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите

Литванската Централна изборна комисија соопшти дека на вчерашните претседателски избори актуелниот претседател Гитанас Науседа освоил убедливо најмногу гласови, односно 44,54...

Свет21 час

Најмалку 37 лица загинаа во поплавите Индонезија, 17 се водат исчезнати

Најмалку 37 лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата што минатиот викенд погодија три области...

Македонија1 ден

ДУИ велат дека Силјановска го прекршила Уставот, за „Влен“ тоа што заклетвата е потпишана со уставното име значи дека ја прифатила реалноста

Шефот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми рече дека претседателката, Гордана Силјановска Давкова, го прекршила Уставот при положувањето на...

Македонија1 ден

Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова

Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех...

Македонија2 дена

Грчкото МНР реагира на заклетвата на Силјановска: „Европскиот курс зависи од употребата на уставното име“

Грчкото Министерство за надворешни работи упати реакција по денешна заклетва во Собранието на новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Од...

Топ2 дена

Две тинејџерки во Скопје тепале соученичка, а уште две снимале – таткото на нападнaтото девојче има видео

Насилство во близина на средно училиште во Центар. Две тинејџерки тепале соученичка, а уште две снимале со мобилен телефон. Ова...