Контакт

Вести

Досега најмалку 130 убиени во училиштето во Пешавар

Објавено пред

Најмалку 130 лица, повеќе од 100 ученици, се убиени во вторникот кога талибаните упаднаа во училиште под управа на пакистанската армија во северозападниот град Пешавар и земаа во заложништво стотина ученици и професори, а во акција на пакистанската војска убиени се петмина напаѓачи додека шест самите се разнеле.
 

dobivaj vesti na viber

Најмалку 130 лица, повеќе од 100 ученици, се убиени во вторникот кога талибаните упаднаа во училиште под управа на пакистанската армија во северозападниот град Пешавар и земаа во заложништво стотина ученици и професори, а во акција на пакистанската војска убиени се петмина напаѓачи додека шест самите се разнеле.

 

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф веќе пристигна во Пешевар, за лично да ја надгледува операцијата за ослободување на заложниците. „Тоа е мои деца, и моја лична загуба“, изјави Шариф пред новинарите пред заминувањето од главниот град Исламабад.

Во Пешевра, исто така, долета и началникот на копнените војски, највисокото лице во армиската хиерархија на оваа исламска република, генералот Рахил Шариф кој во вторникот престојуваше во посета на немирната провинција Белуџистан.

Талибанските напаѓачи чиј број не е утврден, според досегашните информации, вооружени со автоматско оружје, гранати а некои од нив ги имале и појасите коишто ги носат бомбашите самоубијци, влегле во училиштето во униформи на пакистанската армија што ја усложнуваше операцијата за нивно ликвидирање.

Според локалните медиуми продолжува операцијата против терористите, а зградата на училиштето е практично разурната.

Според службата за односи со јавност на пакистанската армија, во операцијата загинал еден војник а во четирите часа од операцијата во зградата на училиштето одекнале 15 детонации со разорна моќ.

Операцијата за спасување била отежната и поради тоа што дел од напаѓачите се забарикадирале во зградата и постојано стрелале. За судбината на терористите има контроверзни информации, според едни дел од нив успеале да се сокријат, додека според други сите биле ликвидирани.

Според последните информации, во нападот животите ги загубиле 130 луѓе, од кои најмалку 100 се деца. Повеќе од 130 се повредени и се згрижени во градските болници со прострелни и отворени рани. Во моментот на нападот во училиштето имало до 500 ученици на 10 до 19 годишна возраст и професори.

„Таа бројка би можела да расте“, изјави Бахраманд Кан, претставник на регионалните власти задолжен за информирање на јавноста. Потврдил дека во нападот повеќе од стотина загинати се деца. Локалната главна болница соопшти дека се пренесени мртвите и ранетите на возраст меѓу 10 и 20 години.

Меѓутоа, репортерот на Reuters јави дека неговите соговорници изјавиле дека од училиштето биле евакуирани 500 ученици, и оти не се знае дали во разурната зграда има уште. Хеликоптерите го надлетуваат училиштето, а полицијата се обидува да ги задржи на безбедно растојание скршените од болка родители, јавува репортерот.

Талибаните веднаш ја преземаа одговорноста за нападот, тврдејќи дека станува збор за одмазда за нападите на пакистанската армија врз нивните позиции во племенските паштунски области во северозападниот дел од земјата кон границата со Авганистан,

Преземајќи ја одговорноста за нападот, талибаните исто така тврдат дека целта на нивниот напад не биле децата. „Нашите бомбаши самоубијци влегоа во училиштето, имаат инструкции да не ги пипаат децата, нивната цел е воениот персонал на училиштето“, изјавил портпаролот на талибаните, Мухамад Умар Корасани во соопштението за агенциите.

Во подоцнежното соопштение Корасани истакна дека „Го одбравме военото училиште за напад, бидејќи владата ги напаѓа нашите семејства и жени. Сакаме тие да почувствуваат болка“.

Засега не е јасно дали децата загинале во самоубиствените бомбашки напади, во престрелките меѓу талибанските напаѓачи и пакистанските безбедносни сили или биле погубени од терористите. Дописникот на BBC наведува дека се чини оти милитантите имале намера да убијат што повеќе ученици, а не да ги земат како заложници, како што се претпоставуваше во почетокот.

Воени функционери тврдат дека напаѓачите отвориле оган врз учениците и професорите веднаш штом влегле во училиштето. Сé уште не е објавен бројот на лицата коишто успеале да побегнат.

Нападот започнал во 10 часот претпладне по локално време. Вработен во училиштето Мудасир Аван изјавил дека забележал група од околу шест лица како се прекачува преку ѕидот на територијата на училиштето. „Мислевме дека девата играат, но потоа видовме дека носат многу оружје. Кога започна пукањето се засолнавме во училница, а тие влегуваа во секоја и ги убиваа децата.

Пакистанските талибани често ги напаѓаат училиштата и факултетите, како и учениците и наставниот кадар. Училиштата, без разлика дали станува збор за машки или женски, се цели на бомбашки напади, и досега учениците беа убивани, а наставниците земани како заложници. Според официјалните податоци, повеќе до 1.000 училишта во северен и северозападен Пакистан се нападнато од 2009 година досега.

„Сите училишта, а особено оние за девојки, се сметаат за основни и лесни цели на милитантите“, соопшти Меѓународната кризна група во својот извештај од јуни. Пакистанските талибани велат дека ги напаѓаат училиштата бидејќи тие „ја промовираат западната декаденција и неисламското учење“.

Добитничката на Нобеловата награда за мир Малала Јусуфзаи беше застрелана во главата од непосредна близина и преживеа со чудо, бидејќи преку социјалните мрежи се залагаше за образование на девојчињата и девојките. Кога талибаните ја преземаа контролата над долината Сват во 32007 година, каде што живееше Малала, беше забрането образованието за девојките а на жените да држат настава. Подоцна дозволија учење за девојченцата до четврто одделение. Во следните две години целосно урнаа 119 училишта за девојки./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Ветрот го сменил правецот од Дрисла, Скопје вечерва мириса на изгорено

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од главниот...

Македонија10 часа

Фетаи ќе раководи и со новоформираниот совет за конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се...

Македонија12 часа

Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби

Во интервју за Дојче Веле, премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос со скандалот со прислушкувањето од страна...

Македонија14 часа

(Видео) Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ: Петровска побара декласификација од АНБ

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме...

Македонија15 часа

Со 2,5 милиона денари интервентно ќе се заштитува „Македониумот“, а странски експерти ќе работат на трајна заштита

Споменикот „Македониум“ над Крушево до крајот на оваа година ќе биде итно заштитен од пропаѓање, а за в година Владата...

Македонија15 часа

Али и Мали, Мицкоски подолг период го моли „превоспитаниот” Ахмети да влезе во Владата, вели Жерновски

ВМРО- ДПМНЕ дојде на власт врз основа на две ветувања. Прво, дека ќе го поништи “штетниот” Преспански договор, со што...

Свет17 часа

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, го одржа своето традиционално обраќање за состојбата на Европската Унија пред...

Македонија17 часа

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни...

Македонија18 часа

Дали Македонија станува третата српска република, прашуваат од ДУИ

Демократската унија за интеграција е загрижена и алармира до јавноста дека Северна Македонија се соочува со отворена офанзива на злогласниот...

Европа20 часа

Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на...

Свет20 часа

(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа20 часа

Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди...

Свет21 час

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментот нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...

Европа21 час

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната...

Европа21 час

(Видео) Пристигнуваат снимки од Полска: „На ‘Флајтрадар’ можеше да се види сè во реално време“

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа22 часа

Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“. Во објава...

Европа22 часа

Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Македонија1 ден

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија1 ден

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...