Вести
Исламистите објавиле снимка со предупредување за Америка
Екстремистичката група Исламска држава објавила снимка со ново предупредување до Соединетите Американски Држави во која се вели дека џихадистите ги чекаат Американците во Ирак, доколку американскиот претседател, Барак Обама, реши да испрати американски војници во оваа земја.
На снимката која била насловена како „Пламени на војната“ биле прикажани џихадисти како дигаат во воздух тенкови, ранети американски војници и на крај е изјавата на Обама во која се вели дека американската војска нема да се врати во Ирак додека истовремено под сликата поминува текст во кој се вели дека војната штотуку почнала, пренесува американската новинска агенција АП.
Снимката, како што наведува агенцијата, е одговор на изјавата на началникот на здружениот генералштаб на американската војска, генерал Мартин Демпси,во која вели дека тој, доколку сегашната стратегија за Ирак биде неуспешна, ќе предложи употреба на копнените сили.
Демпси во вторникот, говорејќи во Сенатот, рекол дека постои можност американските советници да им се придружат на ирачките трупи во борбата против исламските екстремисти, како и дека САД се подготвени да нападнат врз исламистите во Сирија но дека тоа ќе биде долгорочна и умерена операција.
Началникот прецизирал дека американските советници имаат за цел да им помогнат на ирачките сили кога станува збор за планирање, логистика и координирање на воените напои на коалиционите партнери во борбата против Исламската држава.
Генералот Демпси и министерот за одбрана, Чак Хегел, одговарале на бројни прашања на првиот состанок посветен на проширената воена кампања на претседателот Барак Обама против терористичките закани од блискоисточните екстремисти.
Демпси рекол дека САД се подготвени и за напад на екстремистите и во Сирија, но дека тоа нема да биде операција на краток рок.
„Тоа нема да биде техника на „шокирање и заплашување“ бидејќи Исламската држава не е организирана на тој начин, туку таа операција ќе биде долготрајна“, појаснил Дампси, мислејќи на воздушните напади кои биле изведени на почетокот од војната во Ирак во март 2003 година.
Обама минатата седмица, во телевизиско обраќање, изјави дека со коалицијата ќе се обидат да ја искоренат Исламската држава./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.