Контакт

Вести

Историски договор со Техеран, Западот претпазлив Израел го отфрла

Објавено пред

Шесте големи сили и Иран го склучија во четвртокот доцна вечерта во швајцарскиот град Лозана рамковниот договор за контроверзната иранска нуклеарна програма, етапа којашто се оценува како историска пред постигнување на конечниот договор до 30-ти јуни, што е проследено со многу предупредување од западните земји, а Израел кој се обидуваше да ги минира преговорите го оцени како „надвор од стварноста“ и вети дека ќе продолжи да лобира за да спречи „лош“ конечен договор.

dobivaj vesti na viber

Според првите елементи од споменатиот преддоговор, како што пренесуваат агенциите, капацитетот за збогатување на ураниумот на Иран би требало да биде намален за две третини, а Техеран би требало во замена да постигне укинување на санкциите кои десет години ја задушуваат неговата економија.

Американскиот претседател Барак Обама го поздрави историскиот договор со Иран, за кој вели дека доколку биде целосно применет, ќе оневозможи Иран да дојде до нуклеарно оружје, што е најголемиот страв на Западот и неговите регионални арапски сојузници, а особено Израел, по децениските заемни закани со Техеран за целосно уништување на двете земји. Обама, меѓутоа, веднаш истакна дека договорот мора да биде проверлив. „Доколку Иран мами, светот тоа ќе го дознае“, додаде челникот на САД.

Иранскиот претседател Хасан Роухани, кој се смета за челник на умерената струја во иранската политика и по чие стапување на власт пред две години започнаа вистинските преговори, на Twitter напиша дека се изнајдени решенија за клучните параметри на иранската нуклеарна програма. „Подготовката на конечниот договор треба веднаш да започне, за да биде завршен до 30-ти јуни“, истакна иранскиот претседател.

Според нацрт договорот, Иран би затворил повеќе од две третини од своите центрифуги за збогатување ураниум кој може да се употреби за брзо доаѓање до степенот на збогатеност погодна за производство на атомско оружје. Во моментов во Иран има повеќе од 19 илјади центрифуги за збогатување ураниум. Главно тоа се постројките IR-1 од постарата генерација, а десетина илјади од нив работата на зголемување на концентрацијата на ураниумовиот фисиски изотоп U-235. Кога во 2006 година Обединетите нации првпат по инсистирање на Западот воведоа санкции за Иран, само што започна тестирањето на првите неколку стотици центрифуги. Оттогаш Техеран брзо го зголемуваше нивниот број до 24-ти ноември 2013 година кога со преодниот нуклеарен договор меѓу Иран и шесте светски сили тој процес беше сопрен. Исто така, Иран мора да го демонтира и реакторот кој може да произведува плутониум, и прифати агресивни проверки на неговите нуклеарни постројки.

„Ова претставува клучна одлука којашто ја воспоставува договорената основа за конечниот текст на заедничкиот сеопфатен акциски план. Сега можеме да започнеме да работиме на нацрт текстот и анексите“, изјави прес-конференцијата високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедноста политика, Федерика Могерини, којашто дејствуваше како координатор за шесте светски сили. Односно, петте постојани членки на Советот за безбедност при ОН, САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција плус Германија.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека рамковниот договор со Иран претставува „важен чекор“ кој спечувањето оваа земја да изгради нуклеарно оружје. „Поблиску сме од кога и да е до договор кој би го оневозможил Иран да поседува нуклеарно оружје“, се вели во писмената изјава на Меркел.

Американскиот државен секретар Џон Кери потврди дека се договорени параметрите за решавање на главните прашаа, и додаде дека станува збор за „голем ден“. „Имаме уште многу техники поединости и други прашања кои треба да се решат“, рече шефот на американската дипломатија и додаде дека тука е вклучено и можност укинување на ембаргото на ОН за оружје, модернизација на реакторот за тешка вода во Арак и подземната постројка Фордов.

Руското министерство за надворешни работи оцени дека договорот ќе помогне во јакнењето на безбедноста на Блискиот исток, делумно и затоа што шиитски Техеран сега ќе може да игра поактивна улога во напорите да се решат судирите на тој простор, почнувајќи од соседот Ирак, преку Сирија и Либан па во последно време и Јемен, каде што беснеат бруталните секташки судири меѓу сунитите и шиитите.

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус изјави дека рамковниот договор за иранската нуклеарна програма е „позитивен чекор“, но дека уште треба да бидат решени некои „прашања и поединости“, Неговиот британски колега Филип Хамонд, пак, смета дека прелиминарниот договор претставува добра основа за постигнување „многу добар сеопфатен договор“.

Од друга страна, министерот за стратешки работи на Израел, Јувал Стејниц изјави во соопштението по објавата од Лозана за постигнување на договор со Иран дека „Насмевките од Лозана се одвоени од грдата стварност во којашто Иран одбива да даде какви да се отстапки во врска со нуклеарното прашање и продолжува да му се заканува на Израел и на сите други земји на Блискиот исток“. „Ќе продолжиме со нашите напори да му објасниме и да го убедиме светот во надеж дека ќе спречиме лош конечен договор“, додаде Стејниц.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој дури и во Конгресот на САД, спротивно од настојувањата на Обама, повикуваше на прекин на преговорите со Иран, Се очекува дека Нетанјаху ќе ја одложи својата оцена на договорот од Лозна, додека не разговара со Обама, иако нивните меѓусебни односи подолг период се многу заладени. Претходно, додека во Швајцарија се финализираа деталите од договорот, Нетанјаху на Twitter бараше каков и да е договор со Иран дека „мора значително да го намали нивото на иранските нуклеарни можности“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Пендаровски: Наместо да се извинат за 27 април, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател најавува амнестија за насилниците

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на 7 -годишнината од упадот во Собранието, кој се случи на 27 април 2017-тата година, истакна...

Македонија7 часа

Силјановска-Давкова: Не е точно дека стартуваме од нула, ние не шутираме пенали, а тие ги промашија на празен гол

Во рамките на својата кампања за претседателка за Република Македонија, професорката Гордана Силјановска – Давкова, оствари средба со граѓаните на...

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи...

Македонија12 часа

(Фото+видео) „Македонијо, ти си бисер балкански“ ечеше на свечената промоција на 508 нови полициски службеници

Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година. Едногодишната...

Македонија13 часа

(Видео) Николоски: Власта размислува за поткуп на гласачи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски, денеска рече дека власта размислува за поткуп на гласачи...

Македонија14 часа

Спасовски: Насилниците од 27 април никако не смее да се нарекуваат уставобранители, ниту пак да бидат помилувани

Денешниот ден 27 април не смее да биде заборавен, ова е најцрниот ден во историјата на македонската демократија, рече денеска...

Свет15 часа

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата. „Едниот кат...

Свет15 часа

Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер

Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што...

Свет16 часа

(Видео) Застрашувачки снимки од торнадо во Америка, неколку стотици куќи се уништени, загинатите се уште се бројат

Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи. Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има

СДС знаат дека ќе изгубат катастрофално во вториот изборен круг, и наместо чесно да го прифатат поразот, тие мислат ќе...

Македонија17 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно...

Македонија19 часа

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ, велат...

Свет1 ден

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија1 ден

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија2 дена

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ2 дена

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија2 дена

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет2 дена

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет2 дена

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...