Контакт

Вести

Лавров: НАТО ја турка Украина во насилно сценарио

Објавено пред

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави во средата дека НАТО ја одиграл својата деструктивна улога во украинската криза и дека го поттикнува Киев на насилно решавање на конфликтот, отфрлајќи ги притоа обвинувањата за руско воено мешање во Украина како дел од информативната војна.

dobivaj vesti na viber

„Големо внимание привлекува деструктивната улога на НАТО во текот на целата внатрешна криза во Украина. Меѓу останатото, Алијансата почна со зајакнување на воениот потенцијал на Украина, кој, како што е познато, се користи и против цивили. Раководството на НАТО ги поддржува намерите на државите членки во голем обем да ја снабдат Украина со специјални средства, воена опрема, која украинските власти би можеле да ја употребат за внатрешна репресија. На тој начин Киев се поттикнува кон насилно решавање на конфликтот“, рекол Лавров.

 

Рускиот министер за надворешни работи ја „Расискаја газета“ вели дека плановите за одржување вежба на земјите од Алијансата со Украина на украинска територија, биле обелоденети на неодамнешниот самит во Велс и таа „нема да придонесе за мировниот процес, туку само ќе го продлабочи расколот во украинското општество“, пренесуваат руските агенции.

 

Лавров обвинувањата за руско воено мешање во Украина, како и повеќепати досега, ги нарекува дел од информативната војна.

 

„Обвинувањата дека Русија воено се меша во конфликтот се слушаат уште од самиот почеток на кризата од кога нас практично нé обвинуваат за сé. Притоа, ниту еднаш не беа претставени докази за ваквите обвинувања“, истакнува Лавров.

 

Според него „карактеристичната линија позиција на САД и на некои европски земји“ е „отсуство на докази, премолчувања и искривување на вистината“.

 

„Тоа се однесува и на тврдењето за придвижувањата на нашата војска и истрагата за катастрофата со малезискиот Боинг, како и трагедиите на Мајдан и во Одеса, и на многу други ситуации“, нагласува шефот на руската дипломатија.

 

Лавров смета дека денес Украина се наоѓа пред избор или да тргне по патот на „мирот и конструктивниот дијалог“ или „да западне во авторитарност и национал–радикална диктатура“.

 

 „Одлуката е на Киев во украинското општество“, порачува рускиот министер, додавајќи дека се појавила реална шанса за прекин на братоубиствената војна, за што паралелно со одржувањето на прекинот на огнот потребно е што побрзо да се покрене отворен дијалог со учество на сите региони и политички сили.

 

За избегнување на натамошна ескалација во Украина, како што истакнува Лавров, многу важно е сите „без исклучок н надворешните играчи“ да покажат воздржаност.

 

„Тоа за жал, не може да се рече за постапувањето на некои западни лидери, кои наместо да направат сериозна анализа на комплицираната ситуација во внатрешно социјално – политички процеси во земјата, повеќе сакаат неосновано да префрлат на Русија целосна одговорност за она што се случува“, нагласил Лавров.

 

 „Нашата позиција е потполно јасна – сакаме мир во Украина кој може да биде постигнат само со широк национален дијалог, рекол рускиот министер и додава дека продолжувањето со притисок врз Русија нема да помогне да се реши украинската криза, туку дека тоа само ќе ја продлабочи истата.

 

За новиот пакет санкции на ЕУ кон Русија, кој стапи на сила на 12-ти септември, Лавров вели дека тоа претставува одговор на Брисел на резултатите од средбата на Контакт – групите во Минск за решавање на ситуацијата во Украина кои „воопшто не ја уважуваат реалноста“ и „испраќаат сигнал за директна поддршка на „партијата на војната“ во Киев“.

 

Шефот на руската дипломатија притоа изразува надеж дека, „на крајот ќе преовлада прагматизмот и здравиот разум во пристапот на партнерите“, а Русија го задржува правото да презема мерки за заштита на своите легални интереси.

 

„САД, ЕУ и другите земји на крај треба да го слушнат гласот на разумот и да го прекинат бесмисленото „оро“ активности по принципот „око за око, заб за заб“, кое всушност тие сами го започнаа“, додал Лавров./крај/мф/ап

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија8 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија8 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија9 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија10 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија11 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија11 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија11 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија12 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија12 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија12 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија12 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија12 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија12 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија13 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија14 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија15 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија17 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија18 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....