Вести
Над 3.300 починати од еболата, потврден првиот случај во САД
Бројот починати од досега најтешката епидемија од хеморагиската треска ебола во западна Африка достигна 3.338 лица од 7.178 заразени, соопшти Светската здравствена организација (СЗО – WHO), а потврден е и првиот случај на дијагностицирана ебола во САД и првиот случај воопшто надвор од Африка.
Во соопштението на СЗО се додава дека бројот на новите регистрирани случаи опаднал втора седмица со ред, но се предупредува дека од тоа не смее да се читаат добри вести бидејќи е можно дека има и одреден број непријавени случаи. Споменатите бројки од 7.178 потврдени случаи на зараза со вирусот на еболата од кои 3.338 имале фатален исход се однесуваат на периодот до 28-ми септември.Светската здравствена организација додаде дека најмалку 1.500 експериментални дози вакцина против еболата е бидат подготвени за употреба во испитувањата на почетокот од следната година и се истакнува дека во тоа не смее да се доцни.„Ништо не смее да го забави тој процес. Тие вакцини мора да бидат достапни што е поскоро можно, во доволни количества, за да се заштитата на изложените здравствени работници и да се направи пресврт во текот на епидемијата“, се наведува уште во писмениот брифинг на светската здравствена организација.Иницијалните истражувања веќе почнале, а резултатите за сигурноста, ефикасноста и дозите се очекуваат во ноември или во декември. Пошироките студии во западноафриканските земји треба да започната меѓу јануари и февруари следната година.Во меѓувреме, како што беше соопштено во понеделникот навечер, регистрирано е првото лица со симптоми на ебола надвор од Африка, и тоа во САД. Мажот од Либерија во сојузната држава Тексас допатувал на 20-ти септември. Либериските власи веднаш објавија дека мажот не покажувал симптоми кога ден претходно отпатувал од таа земја. Белата куќа во средата се обиде да ја смири јавноста во САД, тврдејќи дека американските власти точно знаат што да сторат за да го спречат ширењето на вирусот. „Населението може да биде убедено дека во оваа земја имаме медицинска инфраструктура која ќе го спречи ширењето на еболата“, изјави за CNN портпаролот на Белата куќа Џош Ернес. Неговата убеденоста во изјавите за телевизијата ја споделија и гувернерот на Тексас и претставниците на националните здравствени служби.Пациентот е хоспитализиран во Далас, кој до САД патувал преку Брисел, и не претставувал опасноста за сопатниците бидејќи почнал да покажува симптоми дури по доаѓањето, тврдат американските власт. Меѓутоа, под надзор се ставени вкупно уште 18 луѓе, меѓу кои и неколку деца кои биел во контакт со човекот кој првпат бип прегледан во петокот, и вратен на домашно лекување со антибиотици, што се смета за клучна испуштена можноста која можела да спречи и други луѓе да бидат изложени на вирусот, сметаат инфектолозите во САД.Во болницата во Далас бил примен во неделата, во сериозна состојба. Клиниката „Presbyterian Hospital“ соопшти дека поради заштита на неговата приватност не сака да го објави името на пациентот. Меѓутоа, агенцијата Associated Press објави дека станува збор за Томас Ерик Данкан.Неколку воздухопловни компании од САД од средата се во постојан контакт со сојузните власти во врска со овој патник кој допатувал во татковината од Либерија преку Брисел. Компаниите „JetBlue Airways“ и „American Airlines“ соопштија дека ги следеле упатствата кои ги добиле од Американскиот центар за контрола и превенција на болестите (CDC). Центарот соработува и со царинските служби за да се идентификуваат потенцијалните жртви и да се предупредат другите патници за здравствените ризици.Светската банка во своето соопштените вели дека борбата против епидемијата на еболата е прашање на нееднаквоста, бидејќи луѓето во сиромашните земји имаат помалку знаења и инфраструктура за лекување на заболените и спречување на ширењто на смртоносниот вирус.„Илјадници луѓе умираат во тие три земји (Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне), бидејќи лотаријата на животот им дала да се родат на погрешно место“, изјави претседателот на Светската банка, Јим Јонг Кин во своето излагање на Универзитетот Хауард во Вашингтон.Светската банка издвои 400 милиони долари за борбата против ширењето на еболата и подобрување на здравствените системи во земјите во западна Африка./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.