Контакт

Вести

НАТО, ЕУ и Ријад предупредуваат на руската интервенција во Сирија

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер смета дека руската поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад ја продлабочува кризата во Сирија, а Европската унија ја повика Русија „итно да престане“ со наводните напади врз вооружената сунитска опозиција во Сирија која таа ја смета за „умерена“ и со упади во воздушните простори на соседните земји, додека челници од Саудиска Арабија сметаат дека руската интервенција во оваа земја ќе ги поттикне екстремистите да се вклучат во судирот.

dobivaj vesti na viber

„Русија би требало да одигра конструктивна улога во борбата против Исламската држава. Да се поддржува режимот на (сирискиот претседател Башар ал-)Асад не е конструктивно, Тоа само ја продолжува војната во Сирија“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбег, пред парламентарното собрание на алијансата во Норвешка.

Столтенберг, исто така, рече дека воениот пакт предводен од САД нема намера да испраќа копнени сили во Сирија. Претходно во неделата и рускиот претседател Владимир Путин во интервју за државната телевизија негативно одговори на прашањето дали Русија по воздушните операции може да се реши и за копнена воена акција на сириското боиште.

Русија, којашто е децениски сојузник на Сирија, од 3-ти октомври започна по барање на официјален Дамаск со воздушни операции врз позициите на Исламската држава во Сирија. Меѓутоа, САД и неговите западни и арапски сојузници тврдат дека руските авиони ги бомбардираат и нивните сунитски сојузници во Сирија и ја повикуваат Москва да се концентрира на Исламската дражва.

Тензиите пораснаа откако НАТО ја обвини Русија дека нејзини борбени авиони го повредиле воздушниот простор на Турција, членка на Алијансата. Русија потврди дека нејзини авион „накусо го повредил турскиот воздушен простор поради лоши метеоролошки услови“ и ѝ се извини на Анкара со ветување дека во иднина нема да има такви инциденти. Во другите два случаја Генералштабот на турската армија објави дека станува збор за неидентификувани авиони „МиГ-29“ кои ги провоцирале на границата со Сирија турските „F-16“, а во Сирија руските сили немаат авиони од овој тип.

И Европската унија во понеделникот ја повика Русија „итно да престане со нападите на умерената сириска опозиција“ и со упадите во „воздушниот простор на земјите во сириското соседство“, што доаѓа во период кога сириската војска потпомогната од руските воздушни удари и сојузничките милиции како либанското шиитско движење Хезболах остварува напредување на боиштето.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на У, кои во понеделникот се сретнаа во Луксембург изразија „длабока загриженост поради руските напади врз умерената сириска опозиција“. „Тоа мора веднаш да престане. Исто така, мора да престане руското кршење на суверениот воздушен простор на соседните земји“, се вели во заклучоците објавено по министерскиот состанок.

Европската унија е загрижена од тоа што руските воздушни напади не биле насочени само на Исламската држава и на другите терористички групи, туку на сите противници на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

„Оваа воена ескалација може само да го продолжи судирот, да го поткопа политичкиот процес, да ја влоши хуманитарната криза и да го зголеми радикализмот. Нашата цел би требало да биде деескалација на судирите. ЕУ ја повикува Русија да се концентрира на заедничката цел постигнување политичко решение за судирот“, се истакнува во заклучоците.

ЕУ истакнува дека во Сирија се случува „трагедија од невидени размери“ во која досега загинале 250.00 луѓе, 7,6 милиони се прогонети од своите домови во земјата, а 4 милиони во странство. Најодговорна за тоа ЕУ ја смета власта на сирискиот претседател Асад, „ЕУ ги осудува прекумерните, непропорционални и неселективни напади кои сирискиот режим продолжува да ги прави против својот народ. Режимот на Асад ја носи најголемата одговорност за мртвите и раселените“, се вели уште во заклучоците.

Руската воена интервенција во Сирија ќе има „опасни последици“, ќе ја вовлече во секташката војна и ќе ги поттикне милитнатите од целиот свет за се вклучат во него, изјави во неделата за Reuters саудиски извор, интерпретирајќи ја пораката којашто има ја пренеле саудиските дипломати на руските челници во неделата во Сочи, што е трета посета на саудиски функционери на Русија во последните неколку месеци.

,Саудиска Арабија ќе продолжи да ја поддржува „умерената“ опозиција во Сирија цитирајќи ги изјавите на министерот за одбрана Мохамед бин Салман и шефот на дипломатијата Абдел ал-Џубејра на средбите со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Алавитскиот (шиитски) претседател на Сирија, Башар ал-Асад од почетокот на граѓанската војна во март 2011 година ја обвинува сунитска Саудиска Арабија дека ги поддржува финансиски и воено радикалните сунитски елементи во земјата, вклучително и џихадистичката Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда.

„Руската интервенција во Сирија ќе ја вмеша во секташката војна. Неодамнешната ескалација ќе придонесе за привлекување на екстремистите и џихадистите во војната во Сирија“, рекол соговорникот на Reutes.

Според него, Саудијците ја повикале Русија да помогне во борбата против тероризмот во Сирија со придружување на постојната коалиција која ја сочинуваат 20 држави кои повеќе од една година ја бомбардираат Исламската држава, но без особени резултати.

Рекол, исто така, дека сирискиот претседател Асад мора да замине од власта во рамките на наводно договорениот процес на конференцијата во Женева во јуни 2012 година. „Асад мора да замине и Саудијците ќе продолжат да ја зајакнуваат и поддржуваат умерената опозиција во Сирија“, рекол.

Русија, пак, и своевремено тврдеше дека Западот и сунитските земји од Персискиот залив погрешно го толкуваат Женевскиот договор, кој според нив не предвидува децидно заминување на Асад, туку транзиција а за судбината на претседателот треба да одлучуваат само Сиријците./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ3 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија3 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет5 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет5 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет6 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион6 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет6 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија17 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија17 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија18 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија20 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија23 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ24 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...